Скопје - „Метропола“ која нема способност да го реши проблемот со загадувањето со децении
Скопје - „Метропола“ која нема способност да го реши проблемот со загадувањето со децении
Загадувањето во урбаните места со емисија на штетни гасови е предизвикувач на цела низа заболувања како рак на бели дробови, астма, главоболки, тешкотии со концентрација и така натаму.

Борбата против емисијата на стакленички гасови и воопшто загадувањето со емисија на јаглеродни соединенија е жива и во ек. Деновиве се оддржува меѓународната конференција COP 21 во Париз за климатските промени во организација на ООН на која се разговара токму за овој проблем.

Многу од земјите имаат превземено активности во минатите неколку декади за да се намали емисијата на штетни и загадувачки гасови. Дури и самата ЕУ има рамка за намалување на емисијата на јаглерод-базирани гасови за цели 80% до 2050 г. во споредба со нивоата од 1990 година. Секако, најголемите загадувачи генерално се (беа) оние кои имаа најзабрзан економски развиток како Кина, Индија и Русија, но САД и ЕУ ги земаат второто и третото место по најголеми загадувачи.

Од овој аспект, како одлична вест ќе дојде анализата преводена од Универзитетот Стенфорд, а направена од меѓународен тим на истражувачи, која од прелиминарните резултати наоѓа дека емисијата на јаглеродни гасови се забавила во 2014 г. и се намалила во 2015 година.

Во 2014 г. емисијата на гасови се зголемила за само 0,6%, што е далеку под зголемувањето од претходните години. За 2015 г. пак, емисијата веројатно се намалила за мал процент под нулата, резултат кој треба да биде потврден во 2016 г.

Ова се охрабрувачки резултати особено земајќи предвид дека тешката индустрија, горењето материјал за греење и развитокот на личниот транспорт преку возила се главните придонесувачи за високото загадување (погледајте го само нашиот пример и ќе ви стане јасно).

Ваквите промени означуваат дека земјите ширум светот конечно сериозно се зафатија со решавање на овој проблем и зголемување на уделот на обновливи извори на енергија во задоволувањето на потребите, нешто што ќе доведе до оддржлив живот на засега единствената живото-подобна планета што ја знаеме во радиус од милиони километри.

Извор: Stanford, Gizmodo, The Verge

Претходна статијаУште еден изум од „Враќање во иднината“ за 2015 – Јакна која сама се суши
Следна статијаTouchWiz на Android 6.0 со дополнителни поедноставувања на корисничкиот интерфејс