Скопје, 11 мај 2018: Wizz Air, една од најбрзо растечките авиопревозници во Централна и Источна Европа, ги објави победниците на второто издание на WIZZ Youth Challenge. Во текот на меѓународниот натпревар, студентите од универзитетите и колеџите го истакнаа својот потенцијал смислувајќи иновативни идеи како одговор на предизвикот поставен од компанијата.

За време на полуфиналето и финалето во живо, организирано во Будимпешта помеѓу 9-ти и 10-ти мај 2018 година, 24 најдобри екипи беа поканети да ги презентираат своите инспиративни проекти на жирито и на надворешните експерти на Wizz Air. Вкупно учествуваа тимови од повеќе од 170 универзитети од 31 различни земји и истите поднесоа 200 валидни решенија за конкретни случаи.

Победниците на второто издание на WIZZ Youth Challenge се унгарскиот тим TakeOff, кој беа наградени со една година неограничено патување во мрежата на WIZZ. Другите тимови кои се квалификуваа за топ 8 финалето на натпреварот беа од Данска, Велика Британија, Израел, Словенија и Украина.

Кога слушнавме за WIZZ Youth Challenge, веднаш знаевме дека ова исклучителна можност која не сакаме да ја пропуштиме. Навистина уживавме во целото искуство. Ни беше задоволство да се сретнеме со такви инспиративни, мотивирачки луѓе од другите тимови, и да добиваме вредни повратни информации од жирито на Wizz Air, дефинитивно имаше големо влијание врз нас. Не можеме да дочекаме да патуваме низ цела Европа со Wizz Air и се надеваме дека нашата соработка ќе го надмине ова искуство во иднина “, изјавија победниците, Team TakeOff од Унгарија.

Претходна статијаПреструктуирање на медиумскиот пазар: Кој кого го купува и што тоа значи за останатите
Следна статијаYouTube канали што треба да ги следите (ФИЛМ)