Дознавме дека партнери на 11. Издание на Викенд Медиа Фестивал се Франција и Германија. Можете ли да ни откриете нешто повеќе за оваа соработка?

ТОМО РИЦОВ: Токму така, партнери на овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал ќе бидат водечките економски сили – Франција и Германија, како претстолнини на мултикултурализмот, уметниците, интелектуалците и иноваторите. Нивните главни градови успеаа да ја искористат својата разновидност, што е клучен фактор за нивната динамичност и континуирано обновување, а токму овој соживот на навидум некомпатибилни идеи ни служеше како инспирација за овогодинешното издание на Фестивалот.

Кој од гостите ќе нè запознае со праксата во Германија и Франција?

НИКОЛА ВРДОЉАК: Дел од програмата ќе биде посветен на нашите ценети гости од Франција и Германија, кои преку заедничко учество на Викенд Медиа Фестивалот ќе го претстават единството и испреплетеноста на Европа. Конкретни имиња ќе дознаете наскоро. Нашите гости, преку предавања и панели, ќе се запознаат со најдобрите маркетинг, медиа и деловни практики на нивните земји.

Во која мера ви претставува предизвик пронаоѓањето на нови теми за инспирација секоја година?

ТОМО РИЦОВ: Областите со кои се занимаваме, а тоа се пред се комуникациите и новата технологија, се развиваат со голема динамика. Со оглед на ова, инспирацијата ја пронаоѓаме насекаде околу нас. Секоја година се отвараат нови теми, или стари теми со нова перспектива, а на нас ни преостанува сето тоа да го следиме и да го претставиме на вистинскиот начин и на вистинското место. Предавачите кои до сега ги имаме во програмата се гаранција дека и оваа година можеме да понудиме информации за најновите трендови во светот.

Дали е веќе познато кој ќе имаме можност да го слушнеме во прекрасниот Ровињ?

НИКОЛА ВРДОЉАК: Оваа година повторно ќе имаме интересни говорници и гости кои со својата појава ќе го привлечат вниманието на големиот број на посетители што се очекуваат во Ровињ. Еден од нив е писателот на “Поларниот сон”, Давор Ростухар, кој ќе нѐ води низ интимните детали од неговото последно патување со кое стана првиот хрватски и 26-тиот човек во светот кој успеа да премине 1.163 километри од брегот на Антарктикот до Јужниот пол. Навистина ни е драго што еден од гостите ќе биде и Кристијан Новак, моментално најголемата ѕвезда на хрватската книжевност. Тој ќе зборува за неговите успешни романи “Црната мајка Земја“ и “Циганин, но најубав”. Исто така, од Њујорк на Викенд Медиа Фестивал ни пристигнува и Џејсон Јерциновиќ, Глобален Менаџер за маркетинг иновации во реномираната американска агенција Хавас. Сигурен сум дека сите ќе бидат воодушевени од програмата.

Викенд Медиа Фестивалот е познат и по незаборавните забави кои ги приредува за своите посетители. Каква забавна програма можеме да очекуваме оваа година?

ТОМО РИЦОВ: Покрај конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа Фестивалот е познат и по одличната можност за вмрежување, како и за забавување. И оваа година во Ровињ не очекува разнолика музичка програма и дружење до доцните вечерни часови. Посетителите на Фестивалот повторно може да очекуваат забави и уживање за кои ќе зборуваат цела година.

Оставете коментар