05.09.2018., Zagreb - Press konferencija odrzana je u Johannu Francku povodom skorasnjeg Wikend media festivala koji se po dvanaesti put odrzava u Rovinju. Photo: Igor Soban/PIXSELL

Кога хрватската фудбалска репрезентација влезе во финалето на Светското фудбалско првенство во Русија, Хрватска стана една од најбараните поими на Гугл – објавени се милиони статии во кои се споменува и остварени се повеќе од 60 милијарди импресии. На денот на финалето, беа објавени повеќе од милион твитови кои го вклучуваа зборот Хрватска. На тој начин, во еден месец, репрезентацијата и тренерот Златко Далиќ, освен постигнување на спортски мeга успех, направија и историска промоција на Хрватска. Најдобриот фудбалски тренер на Викенд Медиа фестивал ќе открие непознати детали од Русија и што ѝ донесе на Хрватска второто место на Светското првенство. Спортот е сигурно еден од најдобрите адути за промоција на Хрватска, а како се промени и што сѐ вклучува модерното брендирање на земјата, на еден од панелите ќе ни покаже Хрватската туристичка заедница.

Што и да мислиме за нив, промените се неизбежни, границите се бришат, а табуата се рушат. Некогаш непожелна, индустријата на канабис денес е една од најбрзо растечките во САД. Барак Обама призна дека пушел марихуана, како и Зоран Милановиќ. За нејзините здравствени продобивки се зборува со години. Во Хрватска, медицинската употреба на марихуаната е дозволена, но кога болните ќе почнат самите да ја одгледуваат, добиват повеќегодишна затворска казна.

Дали и зошто да се легализира канабисот, како да се регулира овој пазар, дали како општество со легализацијата би имале корист, на предавањето, помеѓу останатите, ќе дискутира и др. Огњен Брборовиќ од Медицинскиот факултет, еден од најзаслужните за воведување на канабис за медицинска употреба.

Некои компании веќе го насочија своето работење кон индустријата со канабис која, според проценките на Бизнис Инсајдер, во следните четири години на глобално ниво ќе има вредност од 32 милијарди долари. Во ова издание на Викенд Медиа Фестивал, одлучивме да ги прашаме експертите да ни ја разјаснат малку повеќе легализацијата и нејзиното влијание врз економијата.” – изјави Никола Врдољак, Програмски Директор на Фестивалот.

На панелот “Светот останува на младите (кога за тоа ќе одлучат постарите)”, припадниците на помладата генерација ќе ги срушат нашите предрасуди за себе, создадени од меѓугенерацискиот јаз и ни ја претстават својата визија за општеството, медиумите, бизнисот и актуелните прашања. Слушајте добро. Можеби ќе бидете изненадени.

Оваа година решивме да воведеме нов формат во рамките на предавањата на кои ќе ни се претстават деца помлади од 18 години. Верувам дека на некој начин нивните ставови ќе ни ги отворат очите на сите и ќе ни покажат нови насоки за кои треба да започнеме да размислуваме“ – додаде Врдољак.

Оваа година, Викенд Медиа Фестивал подготви уште многу новости, нови сали и формати во рамките на програмата. На забавата во сабота наречена “Weekend Goes Global” за прв пат ќе настапат меѓународни ѕвезди – белгиското дуо 2manydjs. Марко Тоља и дивата на хрватската музичка сцена, Зденка Ковачичек, придружени со единствениот Џез оркестар на ХРТ, под диригентската палка на Мирон Хаузер, ќе настапат во четвртокот, а во петок Bolesna braća ќе се погрижат за малку пожесток ритам.

“Една од новините на овогодинешното 11. издание на Викенд Медиа Фестивал е доаѓањето на светски познати музички имиња во Ровињ. Посетителите во старата фабрика за тутун ќе уживаат со популарното белгиско дуо 2manydjs, а забавата сигурно ќе трае долго во ноќта. Џез оркестарот на ХРТ под диригентската палка на Мирон Хаузер, Зденка Ковачичек и Марко Тоља ќе му оддадат почит на големиот Оливер Драгојевиќ, а ќе се потсетиме и на кралицата на соул музиката, Арета Френклин. Нашите посетители повторно може да сметаат на забавите за кои ќе се зборува цела година“ – изјави Томо Рицов, Директор на Викенд Медиа Фестивалот.

По минатогодишната одлична соработка со нордиските земји, оваа година со задоволство ги поздравуваме Германија и Франција, како партнери на Фестивалот. Овие две земји го оставија тешкото минато зад себе и станаа важни столбови на европската интеграција. Амбасадорот на Франција, Корин Брунон-Меуниер (Corinne Brunon-Meunier) и Харалд Сијбел (Harald Seibel), вршител на должност во амбасадата на Германија, истакнаа дека младите и динамични луѓе со користење на современите комуникациски технологии, даваат значаен придонес во меѓусебното разбирање и за слободна, прогресивна Европа.

Во духот на соработка, гостите од Франција и Германија ќе презентираат некои од инспиративните трендови од нивните земји. Првенствено ќе биде презентиран Арте – европски канал за култура основан од Франција и Германија кој нуди уникатно искуство и извонредна авантура протегајќи се надвор од границите на културата и информациите надвор од националните граници. Потоа ќе биде презентиран Квант (Qwant), европски интернет пребарувач, кој се развива во Франција со германски капитал и има за цел да стане алтернатива на GAFA компаниите. Тука е и Гоблинс (Gobelins), водечка школа за анимации во светот, како и многу други кои допрва ќе ги откриеме.

И оваа година, главен спонзор и сигурен партнер на Фестивалот е Адрис групацијата, која од самиот почеток го поддржува Викенд Медиа фестивалот и е незаменлив член на најголемиот регионален комуникациски фестивал.

„Горди сме што сме домаќини и спонзори на Викенд Медиа Фестивалот од првиот ден. Во пресрет на почетокот на 11-то издание вреди да се потсетиме зошто оваа соработка има повеќекратно значење. Иако организираме повеќе од 130 конгреси и настани годишно, Викенд Медиа Фестивал е секако, најголемиот, најпознатиот и најдолготрајниот настан со кој сè започна пред една деценија. Оттогаш, инвестиравме повеќе од четири милијарди куни во развојот на туристичката понуда на највисоко ниво и го претворивме Ровињ во посакувана и препознатлива дестинација за настаните во регионот и во светот. Кон ова во голема мера придонес има Викенд Медиа Фестивалот. Секоја година во Ровињ овој фестивал носи голема креативна енергија и најнови трендови од комуникациската индустрија привлекувајќи неколку илјади гости и значително проширувајќи ја туристичката сезона, што претставува одличен начин за промоција на оваа дестинација.“ – изјави Кристина Миљјавац од Адрис групацијата.

Како и секогаш, сите лица од маркетинг секторот можат да ги пријават своите проекти за учество на седмиот BalCannes, и повторно најдобрите дигитални дела во регионот ќе ја добијат најважната дигитална награда, SoMo Borac.

Уште подобар, позабавен и поинтересен Викенд Ве очекува во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, од 20 до 23 септември. Се гледаме!

Претходна статијаНово платно и две премиери во кино „Милениум“
Следна статија„Идејните татковци“ на Bitcoin (дел 2/2)