Загреб, 10 јули 2018 – Weekend Media Festival во своето единаесетто издание и оваа година од 20 до 23 септември во старата фабрика за тутун во Ровињ ќе ги собере професионалците од комуникациската индустрија од целиот регион. На предавањата, панел дискусиите и работилниците ќе се „претресат“ сите актуелни теми и трендови, од политика и дигитализација до книжевност и експедиции на Јужниот пол, поради што сериозни дискусии сигурно нема да недостигаат.

„Овогодинешниот Weekend ни донесува навистина разновидни теми на предавања и панел дискусии, но и многу интересни партнери на фестивалот, Франција и Германија. Целата стара фабрика ќе биде во духот на урбаните Париз и Берлин, па сите посетители ќе можат да уживаат во нивната култура, уметност и стил на живот“, кажа Томо Рицов, директор на фестивалот.

Adris групата и оваа година продолжува да биде сигурен партнер на фестивалот кој во своите десет години на постоење се етаблира како омилено собиралиште на сите професионалци и љубопитни за нови знаења и искуства од комуникациската индустрија.

„Adris е домаќин и покровител на Weekend Media Festival-от од првиот ден. Оваа соработка за нас е важна од повеќе причини. Годишно организираме повеќе од 130 конгреси и настани од кои Weekend Media Festival е сигурно најголемиот, најпознатиот, најдолговечниот и настан со кого се започна пред десет години. Вложувањето од 4 милијарди куни во развој на туристичката понуда на највисоко ниво, создадовме предуслови да Ровињ стане посакувана и препознатлива дестинација за настани во регионот и светот. За тоа многу има придонесено и Weekend. Во Ровињ донесува одлична креативна енергија и најновите светски трендови во комуникациската индустрија, а привлекува и неколку илјади гости со што значително ја продолжува туристичката сезона, а претставува и одличен начин на промоција на дестинацијата“, истакна Кристина Миљавац од корпоративните комуникации на Adris групата.

Најочекуваниот Weekend во своите први десет години се позиционира како омилено собиралиште на сите професионалци од комуникациската индустрија, а во второто десетлетие ќе зачекори со уште поинтересна програма и привлечни награди за најдобрата агенција од регионот. Дел од богатата програма ќе биде посветена на земјите партнери кои низ предавање и изложби ќе ни ги претстават парискиот и берлинскиот мултикултурализам, своите уметници, интелектуалци и иноватори.

„На фестивалот веќе традиционално ги истражуваме промените на пазарот на локално и глобално ниво, а и се трудиме да „загребеме“ малку подлабоко под површината на тоа што се случува околу нас. И оваа година ги собравме стручњаците од различни подрачја кои ќе говорат на теми кои ќе не, сигурен сум, натераат да размислуваме. Од самиот почеток, нашата цел беше да станеме место за соработка на креативците, информирање за новите трендови и дискутирање на теми кои се релевантни за комуникациската индустрија. Драго ми е што гледам дека денес како такви нашите колеги не препознаваат и едвај чекам да видам каде ќе не однесат овогодинешните дискусии на Weekend“, кажа Никола Врдољак, директор на програмата на фестивалот.

„Дали ме шпионира мојот сопствен мобилен?“ е прашање кое секој си го има поставено себеси барем еднаш од кога мобилните телефони станаа паметни. Што се нашиот телефон може да направи без наше знаење и дозвола, ќе ни открие Ален Делич, водечки консултант за информациска безбедност на компанијата Diverto, на предавањето „Му верувате ли на својот телефон?“. Пратеник во парламентот на најверојатно најдигитализираната држава во светот, Естонецот Кал Палинг, на предавањето „Дигитална република Естонија“ ќе говори за тоа какво е чувството да се управува со животот онлајн, додека Дејан Веричич, партнер и директор за знаење на словенската компанија Stratkom, на предавањето „Комуницирање после зборови“ ќе ни објасни како комуникацијата ја имаме вратено на нејзините само почетоци – слика – и како тоа влијае на комуницирањето денес. Со мултимедијалното предавање „Поларен сон – Прва Хрватска експедиција на Јужниот пол“, Давор Ростухар, нашиот најпознат авантурист, ќе ни покаже како да ги поместите сопствените граници и низ што се треба да поминете за да ги остварите своите соништа.

На предавањето Agrokor – Дали медиумите му имаат помогнато или отежнато на Лекс Агрокор“, ќе го анализираме известувањето за Лекс Агрокор и кризата околу „Групата Борг“. Кршењето на Agrokor значеше и исчезнување на Unex кој од гаснењето на Digitel скоро и да немаше релевантна конкуренција на пазарот за огласување. Како исчезнувањето на Unex влијае на медиумскиот пазар, кој има профитирано, а кој изгубено, ќе дознаеме на панел дискусијата „Живот после ерата на Digitel и Unex“.

Клучните луѓе од регионот на панелот Money never sleeps; Реструктуирање на медиумскиот пазар“, ќе ги анализираат преземањата кои ја имаат променето медиумската сцена и ќе објаснат што тоа ќе значи за понатамошниот развој на медиумите, додека водечките комуникациски советници на премиерите и претседателите од регионот на панелот West Wing – Како да го советувате претседателот“, ќе дискутираат околу важноста на улогата на ПР стручњаците во кариерата на политичарите, ќе откријат колкаво им е навистина влијанието и дали клиентите ги слушаат.

Кристиан Ноак, најмногу бараниот автор на денешницата , на своето предавање ќе раскаже како од анонимец со своите дела има дојдено до попис на училишната лектира, па ќе ги отвори сите теми за кои му имаат кажано дека не смее.

И оваа година во рамките на Weekend Media Festival ќе се одржи BalCannes, а агенциите од целиот регион своите проекти можат да ги пријават до 1 септември 2018. На седмото издание на BalCannes ќе се изберат 25 најдобри комуникациски проекти од целиот регион. Најдобриот меѓу нив ќе освои посебна награда од жирито, BalCannes лавови, додека најдобрата агенција од регионот ја очекува посебна награда – натпреварување на меѓународниот фестивал на креативност Cannes Lions 2019. Организаторите на BalCannes, Хрватското здружение на компании за пазарно комуницирање (HURA) и Weekend Media Festival, на најдобрата агенција ќе им го надоместат трошокот за пријавување на еден проект на Cannes Lions натпреварувањето за 2019 година.

Најважната регионална дигитална награда SoMo Borac и оваа година ќе се додели на Weekend во Ровињ. Ќе дознаеме кој ја имал најдобрата кампања на друштвените мрежи, кои се најдобрите веб страни и мобилни апликации, а ќе откриеме и кој има доминирано во контент маркетингот. Тука не е крајот затоа што SoMo Borac се доделува во вкупно девет категории. Најдобрите од нив ги избира големото жиро, составено од дигитални стручњаци од најистакнатите агенции од регионот. Пријавите се веќе отворени и траат до 5 септември.

Покрај по конструктивност, а понекогаш и по провокативни дискусии околу трендовите во комуникациската индустрија, Weekend е познат и по најдобрите забави. И оваа година не очекува разновиден музички програм и дружење до доцна во ноќта.

Претходна статијаAudi го претстави e-tron прототип автомобилот со камери наместо ретровизори на страните
Следна статијаНова слика го потврдува дизајнот на Galaxy Note 9 кој ќе биде ист како ланскиот Note 8