Макпетрол АД како општествено одговорна компанија, за сите лојални корисници на картичката ВЕРНА и оваа година организира голема наградна игра, „Верна повторно наградува“.

Завчера во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите од второто редовно и првото мастер коло од новата наградна игра.

Со секои впишани 10 поени на Верна картичката, членовите на ВЕРНА програмата за лојалност добиваат по една шанса за награда. Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка.

Наградната игра започна на 01.03.2018 година и ќе трае до 15.12.2018 година, а ќе се одвива во 8 посебни Редовни кола, 4 Мастер кола и едно Финално Мастер коло.

Како и минатата година, така и овој пат преку својата ВЕРНА програмата за лојалност, Макпетрол АД изразува благодарност кон своите потрошувачи и ги наградува за нивната лојалност.

Трајко Лефко беше среќен добитник на лаптоп Дел, додека Сашо Ивановски си замина дома со скутер Хонда.

 

Претходна статијаFacebook започнува со тестирање на реклами на Stories
Следна статијаМакпетрол АД Скопје дел од „1st Skopje Vespa Days“