Денеск и утре во вашиот омилен Скопје Сити Мол по втор пат ќе се одржи манифестацијата „Во светот на Физиката“ која ќе опфати натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации. Овој настан е во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија, и „Скопје Сити Мол“, и е продолжение на Месец на Науката, настан кој се одржа во 2016.

Во рамки на настанот ќе се одржи и 42. школа „Млади физичари“ на која учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти.

“Овие два дена ќе бидат организирани креативни детски работилници каде најмалите ќе може на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија како и од гостите од странство. Покрај овие активности, низ „Скопје Сити мол“  ќе има и разни поставки  на кои  ќе бидат презентирани технички помагала и апарати, како и материјалите за работа на овие научни институции” соопштиjа организаторите.

Настанот ќе изобилува со многу активности, а изложбите и натпреварите во изработки, демонстрации, експерименти, симулации и модели се од отворен тип и може да ги посети секој што е заинтересиран на вториот кат од Скопје Сити Мол.

Претходна статијаИзвадете ги точаците, стари и нови! Време е за Скопје на точак
Следна статијаGoogle тестира нов систем за надградба на апликациите во Android кој ќе овозможи поголема ажурност на истите