Викендов, 24/25.02.2018 се одржа премиреното издание на the Gentlemen’s expo во организација на Боттега Евенти во изложбениот салон на BMW Македонија.

И покрај ладното време, џентлмените не ја пропуштија приликата да го посетат овој атрактивно најавуван настан кој е прв од ваков тип во Македонија и во регионов.

Интересот за оваа јавна манифестација придонесе за подигнување на свеста кај луѓето за позитивната страна на џентлменството: добрите манири, стилот, вкусот и отменоста, карактерот и доброто однесување кај луѓето.

Над петстотина посетители, имаа можност на едно место да ги видат најновите трендови од машкиот свет презентирани од страна на изложувачите на овогодинешното издание на Gentlemen’s expo:

BMW го претстави своето ново возило X2, Божиновски часовници одржа презентација во живо за расклопување на комплексен механизам на часовник, Dioptra Couture одржа предавање за новата ZEISS технологија за сигурно возење, Smart Living уредија луксузен џентлменски дизајн корнер, Signori учествуваа во собирот на џентлмени Gentlemen’s squareпо сценарио на дизајнерката Mariguccha, одржаа предавање за техники за врзување на краварати и ја презентираа успешната бизнис сторија при креирањето на нивниот бренд, на штандот на Chivas Regal уживавме во миксологија на коктели со виски, енолог од Бовин винарија го презентираше новото вино Аѓупка со  дегустација, Maya вода имаше интерактивен штанд, Farel претстави колекција на пури  и колекционерски ташни, For the hunters гравираа премиум запалки во живо, Garmin и Duna преку активен штанд и презентација ја претставија апликацијата Garmin Connect и им претставија на џентлмените како да се постигне бизнис ниво на спортувањето, Тимст камини ја затоплија надворешната зона со луксузен камин за надворешна употреба, д-р Петров и д-р. Петровски од клиниката Acibadem Sistina, одржаа предавање за превенција од ќелавост и машко здравје, Мотоцентар имаа интерактивен штанд и на посетителите им нудеа посебни привилегии, Valdrin Sahiti ги задоволи страстите на жените кои го посетија саемот за мажи претставувајќи им совршени црни тоалети, Pix+ беа наши официјални партнери за фотографија и видео, Attibassi кафе ни ја подигнуваше енергијата, American Crew ја претстави својата колекција за нега за мажи преку интересен штанд со иконата на нивниот бренд – Елвис Присли, Berber Shop Popeye направија најголема атракција, за време на целиот саем ги средуваа сите мажи да изгледаат привлечно и џентлменски, Schuster shoes презентираа интересна атракција – уметничко сликање на кожни чевли, Модернист Кетеринг се претстави со инзвонредни инсталации со дизајн и микро храна, нови современи начини на презентирање на храна на настани и молекуларни перформанси.

Спорт во фокус на овогодинешното издание на Gentlemen’s expo беше спортското мечување со Мечувалечка федерација на Македонија кои одржаа часови по мечување и перформанс во текот на вечерниот настан, движењето Distinguished Gentlemen’s Ride не поддржаа како братски настан презентирајќи customмотори, Stylist.Mk презентираа кратки видео совети за џентлменски моден стил, а настанот го затворивме со едукативно предавање за сите изложувачи и посетители за џентлменски кодови на облекување и однесување од страна на Академија за протокол на Македонија.

Поддржувачи на настанот беа: Општина Центар, Електро Неон, Royal Art и Mariguccha. Во медиумскиот дел веб порталите: Friday, Stylist, Фактор и Женски магазин.

Со овој успешно изреализиран настан, сигурни сме дека следната година не очекува уште подобро издание на Gentlemen’s expo организирано од организаторите Боттега Евенти.

Претходна статијаApple отвора медицински центри во кои ќе се тестираат нови технологии
Следна статијаШпионирање преку веб-камера е невозможно со новиот Huawei Matebook X Pro