При крајот на минатата недела Samsung почнаа со испраќање на покана до медиумите за настан кои тие планираат да го одржат на 11 октомври. Во поканата се што стои е „4X fun A Galaxy Event“, како и датата 11 октомври. Во поканата нема ни локација, ниту време за настанот, а се што е истакнато е дека ќе биде пренесуван во живо на страната на Samsung.

Со оглед на тоа што Samsung веќе ги претстави своите главни уреди за оваа година, се прашуваме што ли може да биде претставено на овој „изненаден“ настан.

Секако, на нас прво што ни доаѓа на ум е смартфонот со екран кој се превиткува и со тоа се овозможува покомпактен мобилен телефон кој може да се отвори во помал таблет компјутер за гледање на видео, читање на книги и слично.

Како и да е, претставувањето на ваков уред беше најавено за ноември, па не е јасно дали е можно развојот да е убрзан или сепак да се работи за претставување на друг уред.

„Најновиот Galaxy уред на Samsung донесува повеќе начини од некогаш порано да се изразите себеси“

Од неофицијалните информации досега, како и текстот во поканата од Samsung, покрај смартфон со екран на превиткување, се очекува и можно претставување на смартфон со 4 камери, но можно е и претставување на нови таблет или лаптоп компјутери.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаИднината на интернетот е во рацете на ЕУ
Следна статијаКако полесно до имплементација на Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR) во компаниите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.