Компанијата IT Labs на 24ти јануари го организира првото издание на ReImagine. Тема на овогодинешниот настан ReImagine: Architecture Unleashed е софтверска архитектура, како една од најактуелните теми во ИТ индустријата во моментов.

Предавачи на првото издание на ReImagine: Architecture Unleashed ќе бидат Илија Мишов, ко-основач на IT Labs и Благој Јанев, технички директор на IT Labs, а честа да биде главен говорник на ова прво издание на ReImagine ја има Јуџин Ковшиловски, технички директор на EnterpriseAlumni и поранешен технички директор на GoDaddy/Media Temple.

По завршувањето на официјалниот дел во рамки на кои е предвидена и панел дискусија, следи неформален дел во кој за убавата атмосфера ќе се погрижи рок бенд.

Настанот ќе се одржи во Станица 26, со почеток во 17:30ч. Влезот е слободен.

Подетално за агендата на настанот и темите на предавачите можете да прочитате на http://www.it-labs.com/reimagine/

Претходна статијаHuawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје
Следна статијаПет содржини за крипто почетници