Дали имаш бизнис идеја со голем потенцијал за успех? Или смислен проект, но никогаш не си имал време и тим за да го реализираш? Startup Weekend Skopje е местото на кое може да го направиш токму тоа.

Како учесник, за само 52 часа, ќе можеш да најдеш истомисленици со кои ќе оформиш тим, и заедно ќе ја реализирате и тестирате идејата. Ќе имате и можност да слушнете мислење од искусни професионалци, а најдобрите идеи, ќе освојат вредни награди.

Стартап Викенд Скопје 2019 ќе се одржи во Инофеит, на викендот од 29 ноември до 1 декември. Секој може да учествува на Startup Weekend Skopje, но има само 50 слободни места и треба да бидеш брз за да го обезбедиш твоето.

Многу големи компании почнале токму вака, на Startup Weekend. И ти можеш да го започнеш твојот стартап бизнис во било која област, исто како нив. Единствениот услов е идејата да биде нова, односно не нешто на кое си работел претходно.

Време да и дадеш можност на твојата идеја да стане реалност! Подготви се за викенд со многу работа, дружење, учење и забава, и сам или со тим, обезбеди го твоето место додека картите се достапни по промотивна цена тука.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.