Симфони Солушнс ве повикува да учествувате во добротворниот хакатон „KindHack“, кој ќе се одржи на 23 и 24 ноември во просториите на Симфони Солушнс во Скопје. Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади и креативни луѓе да изработат демо или готови софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации.

Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци и тимови кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер. За учество на хакатонот, треба да се пријават на следниот линк.

Oваа прилика ја користиме да ги потсетиме и сите заинтересирани невладини организации и институции од Скопје и пошироко, да аплицираат со своите проекти за кои им е потребно ИТ решение до 3 ноември на следниот линк.

Како да аплицирате?

  • Повикот е отворен за сите заинтересирани програмери, дизајнери и софтвер тестери
  • Секој тим ќе се состои од 4 до 6 учесници
  • За време на дводневниот хакатон, сите учесници треба да креираат демо или готови софтверски решенија
  • Сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк
  • Рокот за аплицирање е до 20 ноември

За тоа како си поминавме минатата година и кои беа победниците на првиот KindHack во канцелариите на Симфони Солушнс во Скопје можете да прочитате повеќе овде.

Претходна статијаWindows 10X се планира да биде достапен и за обичните лаптоп компјутери
Следна статијаГрупа вработени во Facebook со писмо бара од директорите поголема контрола на политичките реклами на мрежата