Загреб, 14 мај 2018. – Повеќе промени на удели и аквизиции кои имаат почнато да се случуваат од последниот Weekend Media Festival, значително го менуваат изгледот на медиумската сцена во целиот регион. Паралелно со глобалните промени на медиумскиот пазар, се менува и регионалниот, па имаме можност да сме сведоци на можеби најголемите промени кои би можеле да го преструктуираат целосниот медиумски пазар тука.

Меѓу спојувањата, соработката и преземањата, најмногу се истакнува аквизицијата на американскиот фонд KKR, сопственик на N1 телевизијата, кои на своето портфолио во Хрватска наскоро би можеле да ја додадат и Nova TV. Во БиХ и Црна Гора работи на преземање на Pink, во Словенија на Pop TV, додека во Србија е сопственик на водечкиот кабловски оператор SBB, N1 телевизијата, Sport Klub и Grand.

Со купувањето на телевизии од регионот, KKR длабински ја менува ТВ сцената, но и силно влијае на останатите медиуми, телеком пазарот, независните продукции, кабловските оператори, па можеби дури и на политиката. Иако најверојатно најважен актер на промените, KKR не е единствен. Не треба да се заборави ни на големите промени во сопственичките структури на најголемите домашни медиумски куќи кои го променија пазарот на печатените медиуми.

Оваа година ја имавме можноста да проследиме значајни медиумски аквизиции, како и нови соработки кои силно влијаат на пазарот во регионот. До Weekend-от очекуваме уште интересни случувања кои тогаш ќе можеме да ги продискутираме и анализираме“, истакна Никола Врдољак, програмскиот директор.

На панелот „Преструктуирање на медиумскиот пазар“ Weekend Media Festival ќе ги собере клучните луѓе од регионот за да ни објаснат и приближат што и зошто се случува во промената на медиумската сцена, што тоа значи за потрошувачите и понатамошниот развој на медиумите.

Најголемиот регионален комуникациски фестивал оваа година се одржува од 20 до 23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ. Партнери на фестивалот оваа година се Франција и Германија, а еден од многубројните гости ќе биде и Кристијан Новак, моментално најголемата ѕвезда на хрватската книжевност. Сите „маркетингаши“ своите трудови можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални трудови во регионот ќе ги претстави најважната дигитална награда, SoMo Borac.

Покрај по конструктивните, а понекогаш и провокативните дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Weekend е познат и по најдобрите забави. И оваа година не очекува разновидна музичка програма и дружење до длабоко во ноќта.

Претходна статијаXiaomi го претстави Redmi S2 – двојна задна камера, AI селфи камера и ниска цена како и обично
Следна статијаWizz Air ги објави победниците на второто издание на Wizz Youth Challenge