Иако првото место како компанија која претстави уред со екран кој е еластичен и може да се превиткува го зема Royole, сепак нашето внимание не е ништо помалку насочено кон Samsung. Оваа компанија која го држи и првото место во светот по продажба на смартфони ги има и најдобрите екрани на пазарот, па веруваме дека тоа што ќе ни биде претставено од нив, ќе вреди да се види, па и користи кога ќе стане достапно.

Директорот на Samsung го најави претставувањето на овој уред кој неофицијално се нарекува Galaxy X и Galaxy F, за ноември на конференцијата која започнува да се одржува од денес.

Очекувањата се дека ако не целосно функционален уред, Samsung денес ќе ни го презентира концептот којшто е во изработка и веруваме при крај со развојот. Како и да е, верувам дека тие сепак ќе бидат во можност да ни прикажат целосно функционален уред, без разлика дали ќе почне веднаш да се продава или тоа ќе биде оставено за подоцна идната година.

Samsung Developer Conference 2018 започнува денес и ќе се одржува во познатиот Moscone Center во Сан Франциско. Презентациите официјално започнуваат од 19:00 часот по македонско време, а истите ќе може да се следат во живо преку YouTube каналот на Samsung во продолжение, како и на следниот линк.

Не е точно сигурно дали презентацијата на новиот Galaxy ќе биде прва или меѓу првите, меѓутоа тоа се најавите, па ние ќе гледаме внимателно, по што ќе ја пренесеме новоста.

Претходна статија5 митови за „прогресивен данок“
Следна статијаGoogle тестира пријавување на незгоди и радарски контроли во Google Maps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.