Подгответе се за IEEExtreme! Македонската секција на IEEE членови ги повикува сите студенти кои имаат интерес во натпревари во програмирање да ги покажат своите вештини на 12-тото издание на глобалниот 24-часовен хакатон IEEExtreme 12.0.

На натпреварот може да се програмира на повеќе од 30 јазици и има систем за вежбање, каде натпреварувачите можат да се подготват и да видат какви задачи би ги очекувале. Во еден тим може да учествуваат најмалку двајца, a најмногу тројца студенти и тоа да се сите на додипломски студии или еден од нив да е на пост-дипломски студии. Во изминативе години, македонските тимови успевале да влезат во топ 100 во светот и топ 10 во Европа.

Крајниот рок за пријавување е до 7ми октомври, a пријавувањето се врши на следниот ЛИНК, но пред се треба да сте IEEE член за да учествувате на натпреварот. Оваа година настанот е закажан за 20ти октомври и почнува во 02:00 часот по полноќ.

Во Македонија, натпреварот се одржува по 8-ми пат, а домаќин по 4-ти пат е компанијата Нетцетера, која ќе ги отстапи и своите простории за македонските натпреварувачи.

Повеќе информации и детали околу процесот на пријавување можете да добиете на официјалниот настан на Фејсбук и директно на marko.paloski.mk@ieee.org.

Претходна статијаЗборот кој во иднина ќе ви го спаси животот
Следна статијаКога преголемата приватност има лоши последици