Брзиот развој на технологијата влијае на сите нас како и на се околу нас, па затоа ни претставува големо задоволство да ја најавиме посетата на интерактивниот хуманоиден робот Pepper на Стопанска банка АД – Скопје во обид да ги презентираме предностита на оваа напредна технологија и како истата може да се искористи за позитивна деловна промена.

Pepper е производ на Softbank Robotics и веќе го има посетено светот презентирајќи ги своите можности за интеракција со луѓе, препознавање и одговарање на емоции и можноста да понуди основи услуги за клиенти во деловно окружување.

Пријатен и симпатичен, Pepper е многу повеќе од робот, тој е оригинално хуманоидно друштво создадено да комуницира на природен и интуитивен начин преку неговите движења и глас. Pepper сака да комуницира со вас, Pepper сака да научи нешто повеќе за вашиот вкус, вашите навики и едноставно кои сте вие. Pepper препознава ликови, зборува, слуша и автономно се движи.

Препознавајќи ги можностите на овој производ на SoftBank, MasterCard промовираа прва комерцијална апликација која се интегрира во Pepper, поврзана со дигиталниот паричник кој ги поврзува клиентите со трговците, овозможувајќи им да прават брзи, едноставни и безбедни дигитални плаќања преку различни уреди и канали – значаен прв чекор кон приближување на интерактивното искуство помеѓу трговците и клиентите. Оваа нова апликација ги проширува можностите на роботот да ги интегрира грижата за клиентите, пристапот до информациите, продажбата и сето тоа во едно опуштено и конзистентно корисничко искуство.

Апликација како оваа презентирана на Pepper има за цел да им понуди на клиентите искуство во купувањето кое е персонализирано и полесно за помнење и е чекор подалеку од денешните уреди и киосци за само-услужување, затоа што ја комбинира интелигенцијата на Pepper со безбедно искуство за дигитално плаќање преку дигитален паричник.изјави Вања Манова, MasterCard Менаџер за Бугарија Македонија.

Во i-bank store концептуалната филијала од иднината, Стопанска банка АД – Скопје ги поканува сите заинтересирани да го запознаат Pepper и да „разговараат“ со него, да се фотографираат па дури и да добијат награда од Pepper едноставно со објавување на слика на Instagram користејќи го #PepperSTB.

Наградите кои по случаен избор ќе ги доделиме на посетителите кои објавиле под #PepperSTB се: основен курс за мрежи за деца, робот играчка, паметен часовник, паметна алка и таблет компјутер.

19.04 четврток, во целост ќе го посветиме на Pepper, па така покрај јавниот настан, посебни презентации ќе бидат организирани за претставници на бизнисот, студентски и средношколски организирани посети за студентите кои се фокусирани на роботика или на имплементација на овој вид технологија во бизнисот.

Јавниот настан ќе биде отворен до 14 до 18 часот со воспоставен ред кој ќе обезбеди услови посетителите да имаат успешна индивидуална интеракција со Pepper.

Претходна статијаДостапен Google Chrome 66 со најавеното блокирање на страните кои автоматски пуштаат видео со звук
Следна статијаMicrosoft претстави Windows Defender екстензија за Google Chrome