Може да се каже дека оваа дата веќе ја сметавме како датата кога Samsung ќе го претстави Galaxy Note 9, па еве сега и официјална потврда од компанијата. Samsung почна да им испраќа покани на американските медиуми за нивниот познат Unpacked настан којшто официјално го закажа за 9-ти август.

Иако во поканата, како и најчесто, не стои официјално кој производ ќе биде претставен, сепак од истата се гледа S Pen со што веднаш знаеме дека се работи за уред од Note серијата. Исто така, Samsung пушти и „тизер“ видео во кое на кратко се прикажува S Pen, меѓутоа во меѓувреме тоа видео е тргнато од непознати причини.

Како и да е, официјално можеме да потврдиме сега дека сите љубители на Note серијата, можат да си го запишат овој ден, четврток 9-ти август, кога Samsung како и секогаш ќе врши директен пренос од настанот преку нивната страна, односно нивниот YouTube канал.

Инаку настанот ќе се одржи во Њујорк во Barclays Center со почеток во 17:00 часот по македонско време. Според информации ова ќе биде еден од поголемите настани со оглед на капацитетот на избраната локација.

За Galaxy Note 9 се очекува да нема различен дизајн од ланскиот Note 8, па главните промени да бидат во компонентите и евентуално промена на позицијата на сензорот за отпечатоци на задната страна.

Она што неколку пати можеше да се прочита е дека Samsung оваа година ќе стави поголем акцент на S Pen, па со оглед на неговата присутност во поканата, изгледа дека главната презентација ќе биде околу ова електронско пенкалце.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаКако ќе изгледаат Pixel 3 и Pixel 3 XL од Google?
Следна статијаData Scientist најбрзорастечка ИТ професија на иднината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.