Конечно после читање на толку голем број на неофицијални информации, денеска можеме да го видиме официјалното претставување на Galaxy Note 8. Ова исчекување е уште поголемо поради фактот што минатогодишниот модел имаше проблеми со батеријата, па мораше да биде повлечен од продажба.

Претставувањето ќе се одржи преку традиционалниот веќе настан од Samsung наречен Samsung Unpacked. Настанот ќе биде пренесуван во живо преку YouTube каналот на Samsung Mobile, односно преку следниот линк, а можете да го гледате и преку видеото подолу.

Настанот официјално е закажан за 17:00 часот според Македонско време, па можете да се вклучите и да го гледате.

Инаку, Galaxy Note 8 се очекува да ја продолжи одличната работа на S8ците, а што се можевме да прочитаме за очекуваните карактеристики можете да се потсетите преку следниот линк.

Претходна статијаСеавус Инкубатор ја најавува пред-акцелераторската програма за ИТ стартапи
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy Note 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.