Натпреврувач од Србија е победник на третиот круг на CodeIT

Во кругот учествуваа натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и за прв пат се вклучија учесници од Јужна Африка, Кина, Шведска, Ерменија, Украина и Хрватска

31.01.2019 г., Скопје.  Душко Обрадовиќ, натпреварувач од Република Србија е победник во третиот круг на Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT. На второ место е Алекса Плавиќ исто од Србија, а на третото место е Мартин Копчев од Бугарија. Во кругот учествуваа натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и за прв пат се вклучија учесници од Јужна Африка, Кина, Шведска, Ерменија, Украина и Хрватска.

Наредниот круг на натпреварот ќе биде СПРИНТ и ќе се одржи на 23 февруари (сабота). Круговите кои се СПРИНТ се кратки (3-5 часа) и содржат неколку натпреварувачки задачи со оптимално решение од алгоритмичен карактер. Овој тип на круг се состои од неопределен број задачи, од кои дел е само за млади (осмо одделение или помали) и не се зема предвид во вкупното рангирање.

Новости, рангирање и тековни информации за CodeIT може да се следат на веб страната на конкурсот (www.codeit.bg), како и на групата на Facebook, CODEIT.BG (https://goo.gl/GVrULo)

Дополнителна информација: Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT е една од најдолгорочните иницијативи на софтверската компанија Мусала Софт (www.musala.com). Натпреварот е дел од општествено одговорната политика на компанијата и стратегија за насочување и создавање на можности за сите кои имаат интерес за алгоритми, програмирање и информациските технологии.

Претходна статијаБлокчеин – нов мајндсет за новата економија
Следна статијаHuawei официјално го претставува својот 5G смартфон со екран на превиткување на 24 февруари