Иницијатативата SHЕ. заедно со Симфони Солушнс го организира својот прв настан фокусиран на жената и нејзините достигнувања во Скопје. Настанот ќе се одржи на 12 декември во канцелариите на Симфони Солушнс со почеток од 18:00 часот.

На третиот по ред настан, насловен SHE. Leads ја имаме честа да ја слушнеме успешната приказна на нашата гостинка Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија. Позната по нејзината борба за родова еднаквост и поддржувач на развојот на жената-претприемач, Валентина е исто така и основач и иницијатор на неколку невладини организации во Македонија и регионот.

Настанот е од отворен тип и со секоја купена карта донирате по 300 денари на нашите пријатели СОС Детско Село, Македонија. Карта може да купите на следниот линк: https://www.kupikartizase.com/Events/sheleads_2018.

Иницијативата SHE. е серија настани со хуманитарна цел, досега успешно организирани во Украина и Полска, и има за цел да ги сoбере на едно место сите оние кои сакаат да чујат инспиративни приказни на талентирани и успешни жени од различни индустрии.

Претходна статијаПодаточните центри во светот трошат дури 2% од вкупната електрична енергија
Следна статијаРамките околу екранот на Galaxy S10 ќе бидат најмали досега