Започнува NASA Space Apps Challenge 2018

И оваа година, по завршување на натпреварот, три победнички тима од Македонија ќе бидат номинирани за награда, ПАТУВАЊЕ ВО NASA Kennedy Space Center во Флорида и ќе има можност да присуствува на лансирање на ракета

На 19, 20 и 21 октомври во Скопје, во просториите на ЊуМенс Бизнис Акцелератор со почеток во 13:00 часот, ќе се отвори хакатонот „NASA Space Apps Challenge Macedonia 2018“.

Интернационалниот настан обединува натпреварувачи од различни области, организирани во тимови составени од студенти, средношколци, претприемачи, програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, артисти, економисти, научници, едукатори, доктори, архитекти…кои за време на натпреварот соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации на НАСА за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

Главен оганизатор на настанот во Македонија е ЊуМенс Бизнис Акцелератор. Ко-организатори и поддржувачи на овој настан се: Студентски Парламент на ФИНКИ, Македонска медицинска студентска асоцијација, АИЕСЕК Македонија, МАСИТ, AmCham, Netcetera и ТАВ. Овој хакатон во Македонија се одржува по 6-ти пат. Во изминатите 5 години во Македонија учество земале околу 800  натпреварувачи кои организирани во тимови работеа на реални предизвици со кои се соочуваат Земјата и Вселената. Тимовите постигнаа забележителни резултати на европско и светско ниво, а еден тим патуваше и во NASA Kennedy Space Центарот во Флорида на средба со претставници од NASA. Натпреварот на светско ниво е во организација на NASA – Американската агенција за вселенски истражувања, кој истовремено се одржува на 200 локации во светот.

И оваа година, по завршување на натпреварот, три победнички тима од Македонија ќе бидат номинирани за награда, ПАТУВАЊЕ ВО NASA Kennedy Space Center во Флорида и ќе има можност да присуствува на лансирање на ракета, а на самиот натпревар ќе не посети претставник од глобалниот организациски тим Lena Delchad.

Но натпреварот не завршува тука! Сега, се надоврзуваме со акцелераторска програма “SPACE STARTUPS LAUNCHPAD” – “од хакатон до лансирање на Стартап компанија” која започнува од ноември 2018 до мај 2019 година, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Голдилокс Фондацијата, а со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија. Можност за учество во акцелераторската програма ќе имаат учесниците на NASA Space Apps Challenge за Македонија од 2013 до 2018, со можност да им се приклучат и нови членови на тимовите. Директно учество ќе следи за овогодинешниот победнички тим на NASA Space Apps Challenge. Најдобрите учесници од програмата ќе добијат поддршка за лансирање на стартап компанија и за учество во програми во САД за Space стартапи, како и можност за поврзување со инвеститори и корпоративни клиенти. Стартап компаниите кои ќе бидат дел од акцелераторската програма, со цел развивање на заеднички продукти, за целото времетраење на програмата ќе имаат поддршка од ментори од голем број компании.

Претходна статијаШто (не) смее Државата да следи од нашите податоци? (2/2)
Следна статијаМакедонски Телеком овозможи технолошки напредно, волшебно музичко патување со наслов „Звуците на Скопје” во рамките на „Скопје Џез фестивал“