Темата на овогодинешната конференција е внимателно дизајнирана согласно аспирациите да прераснеме во економија која е дел од поголемите европски пазари, за што предуслов е прифаќањето на фактот дека податоците мора да лежат во срцето на сите процеси на одлучување како инструмент на доверба. Определбата на компаниите да носат одлуки базирани на податоци, добиени преку навремени истражувања е докажана и строго прецизна методологијата која е главен критичен фактор за успех.

На оваа конференција воведното обраќање ќе го имаат:

  • Дамјан Манчевски Министер за информатичко општество и администрација
  • Анета Антова Пешева, Претседател на УО на МАСИТ и
  • Стефан Томаџан, Заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија

Во рамки на конференциската програма докажани интернационални и домашни говорници меѓу кои претставници од Oracle, Датамастерс, Danfoss, Cognizant Consulting, SAS, Elevate-Global, Asseco SEE, Endava, Semos, Neocom и НБРСМ ќе дискутираат во мултидисциплинарни панели со фокус на следните теми: Big Data & Analytics, Business Intelligence, Business analysis, Business development, Machine Learning, Artificial Intelligence, Robotics, Smart Home, Internet of things.

Предвидено е на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, академски претставници од ИКТ научната област медиуми и други.

Датум: 31.10.2019 Локација: Хотел Мериот, Скопје.

И оваа година, годишната МАСИТ конференција е едно од најголемите случувања на ИКТ индустријата во земјава и регионот.

Конференцијата е организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, поддржана од страна на ИМЕ – Проектот за зголемување на пазарната вработливост финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, a имплементиран од страна на Паладиум. Конференцијата е спонзорирана од Oracle, Asseco SEE & Payten, Datamasters, Neocom, Pixel, Endava, Semos, КБ Прво пензиско друштво, Прокредит Банка,  Poly и Бреинстер.

Регистрирањето е преку следнава страна:http://www.seeita.org.

Претходна статијаFacebook започна со тестирање на News – нов дел од друштвената мрежа наменет специјално за вести
Следна статијаWindows 10X се планира да биде достапен и за обичните лаптоп компјутери