Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од третото мастер и шестото редовно коло од наградната игра „ВЕРНА повторно наградува“, која започна на 1-ви март и ќе трае до 10-ти декември, оваа година.

На настанот присуствуваа претставници на компанијата Макпетрол, медиуми, како и најсреќните добитници од септемвриското мастер коло. Свое обраќање имаа раководителот на секторот маркетинг, Мишко Тасевски и директорот на дирекцијата за малопродажба, Љупчо Георгиевски.

Оваа наградна игра колку што носи радост кај нашите потрошувачи, толку повеќе носи задоволство во Макпетрол бидејќи тоа покажува дека имаме изградено взаемна доверба и долготрајна врска со нашите верни потрошувачи.

Посетеноста на нашите продажни објекти, како и бројот на членовите на Верна програмата за лојалност се доказ за квалитетот на нашите производи. За искажаната доверба на потрошувачите, Макпетрол кој е лидер во областа на енергетиката на македонскиот пазар,  секогаш води особена грижа за своите корисници.

Тоа е голем поттик да продолжиме со нашата напорна работа во секој сегмент од нашата компанија и понатаму да се трудиме да обезбедиме беспрекорна услуга и најквалитетни горива на пазарот. За Макпетрол, како и секогаш, ова беше период на инвестиции и вложување во сопствената инфраструктура, односно бензинските станици, со цел на нашите потрошувачи на едно место да им обезбедиме се што им е потребно за нивното патување.

Целосно ја реконструиравме една од најголемите бензински станици во Македонија, на самиот влез во државата, на граничниот премин Богородица. Исто така, паралелно со тие активности ја воведовме и апликацијата ВЕРНА GO со што повторно потврдуваме дека Макпетрол е компанија свртена кон потребите на своите потрошувачи.“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД. 

„Во извлекувањето на шестото редовно коло учествуваа речиси 120.000 квалификувани трансакции, додека во извлекувањето на третото мастер коло учествуваа речиси 250.000 квалификувани трансакции и од нив беа извлечени двајцата среќни добитници на овие вредни награди.“ – додаде Тасевски.

Во септемвриското мастер и редовно коло од наградна игра „ВЕРНА повторно наградува“ покрај редовните награди, беа доделени лаптоп DELL и Honda Jazz автомобил.

„Макпетрол, како и досега, продолжува да вложува во своите стратешки капацитети и горива со цел обезбедување најквалитетни производи и услуги преку кои успеавме да го задржиме лидерското место на пазарот со нафтени деривати во Македонија.

Нашата традиција на беспрекорен квалитет и постојано надградување е столбот на компанијата која постојано гледа напред во иднината, стремејќи за се поголем раст и можност за целосно задоволување на потребите на пазарот, секогаш спремни да одговориме на  предизвиците.

Несебично е да се пофалиме дека ги имаме највисоките европски стандарди во областа на малопродажба на нафтени деривати во регионот. Повеќе од 70 години сме лидери на пазарот, за што говори стекнатата доверба од страна на нашите потрошувачи. Наша цел е да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи преку низа активности, а една од нив е секако Верна програмата за лојалност и оваа наградна игра.

За нас, како компанија значаен е фактот дека интересот за програмата ВЕРНА и понатаму продолжува, постојано расте и се надградува, што ни докажува дека сме изградиле соодветен систем преку кој можеме да комуницираме со нашите верни потрошувачи. Досегашната прифатеност на ВЕРНА програмата недвосмислено говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува и дополнителна обврска за нас.“изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

„Наградната игра која е дел од програмата ВЕРНА веќе трета година претставува начин на изразување на благодарност на нашата компанија за препознавањето на нашиот квалитет и верноста од страна на нашите потрошувачи. Поминаа многу кола, се запознавме со нашите среќни добитници и веруваме дека дури и најмалите награди се препознаени како симболичен гест со желба за зачувување и проширување на нашето ВЕРНА семејство.“додаде Георгиевски.                

„Досегашната прифатеност на ВЕРНА програмата говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува  дополнителна обврска за нас.“истакнаа од компанијата.

Тасевски и Георгиевски ги повикаа потрошувачите и понатаму да ги користат ВЕРНА картичките преку кои стануваат потенцијални добитници на вредните награди од наградна игра на Макпетрол, воедно и да ги искористат големите поволности од програмата.

„Сите корисници на ВЕРНА картичките за лојалност се потенцијални учесници во наградната игра. Во неа учествуваат сите трансакции на потрошувачите кои при секое поединечно плаќање имаат впишано најмалку 10 или повеќе поени на својата ВЕРНА картичка. Исто така, ги повикувам потрошувачите кои овој пат не беа меѓу среќните добитници, да не се обесхрабруваат и да продолжат да впишуваат поени, бидејќи веќе на 5-ти ноември следи 7-то редовно коло, додека на 10-ти декември следува извлекувањето на 8-то редовно, 4-тото мастер и воедно финалното мастер коло во кои ќе доделиме многу вредни награди, а најсреќниот ќе замине со најдобриот во својата класа, автомобилот Honda Civic.“потенцираше Тасевски.

Мирче Велковски беше среќниот добитник на лаптоп DELL, додека додека најсреќниот ова коло е Никола Каровски, кој си замина со единствената во своја класа – Honda Jazz.

Освен овие вредни награди, во шестото редовно коло беа доделени: викенд за двајца во хотелот Макпетрол во Струга, ваучери за гуми, Лубекс – моторни масла, Кристал Кар – средства за стакла, како и ВЕРНА поени.

Претходна статијаQLED треба да биде вашиот избор за телевизорот кој би го користеле за играње на игри
Следна статијаШто е Е-живеалиште (?) и три лекции од Естонија