Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Honda ги додели наградите од четвртото редовно коло, како и од второто мастер коло од овогодинешната наградна игра на ВЕРНА програмата за лојалност.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

Во оваа сезона на летни годишни одмори продолжуваме со реализација на зацртаните активности на сите полиња. Меѓу нив секако е и извлекувањето на среќните добитници кои ги наградуваме за нивната поддршка и лојалност. На тој начин, преку ВЕРНА програма за лојалност, уште повеќе се приближуваме до нашите потрошувачи кои ги препознаваат нашите заложби и кои недвојбено ни помогнаа да израснеме во компанија – лидер на македонскиот пазар.

Како и секогаш тука се нашите среќни добитници, но пред да го поканам колегата да ви се обрати и да им ги додели наградите би сакал да се навратам на периодот кога почнувавме со ВЕРНА програмата за лојалност и првите наградни игри.

Нашите скромни почетоци, без многу помпезност, покажаа дека секогаш со работа, труд и посветеност се создаваат одлични резултати. Во нашиот случај креиравме комплексно семејство кое меѓусебно комуницира – ние кон потрошувачите преку поволностите од ВЕРНА програмата за лојалност и наградните игри и промоции, а тие кон нас преку укажаната доверба и директната комуникација која значително ни помага при креирање на нашите активности.

Денес, можеме да се пофалиме со повеќе од 170 илјади ВЕРНА членови кои се доволен показател дека сме создале успешен проект, препознаен од нашите потрошувачи. Четврта година по ред, Макпетрол, ги наградува своите верни потрошувачи и со тоа создава вредна традиција преку која се заблагодарува на добиената доверба и поддршка.“ – истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.

Во извлекувањето на наградите од четвртото редовно коло учествуваа 180.000 квалификувани трансакции, а во извлекувањето на главната награда од второто мастер коло учествуваа 345.000 квалификувани трансакции. Од компанијата напоменаа дека од оваа наградна игра остануваат уште 5 редовни кола, 2 мастер кола и на крај финалното мастер коло кога ќе биде доделена главната награда, а тоа е прекрасната Honda HRV.

Ги охрабруваме нашите потрошувачи да ги користат своите ВЕРНА картички со што ќе добијат можност да бидат потенцијални добитници на многу вредни награди, а истовремено ги повикуваме сите оние што не се членови на ВЕРНА програмата за лојалност тоа да го сторат со пополнување на пристапница што можат да ја најдат на бензинските станици на Макпетрол.“ – додаде Тасевски

До сега имаме израдувано многу наши верни потрошувачи со широката палета на награди од оваа наградна игра. При тоа, секое доделување на награди, на нас во Макпетрол, ни причинува огромна чест и задоволство.

Макпетрол верува дека компанијата без лојалните потрошувачи не би била таму каде што е сега, на врвот во бизнисот со нафта и нафтени деривати во републиката. Затоа секогаш се трудиме да изразиме благодарност со тоа што ќе возвратиме за добиената доверба, пред се со квалитетот на производите и услугите, а понатаму и со современи платформи како што е ВЕРНА програмата за лојалност и секако,  оваа наградна игра.

Иако во овие неколку изминати години сме посветени на реализација на крупни инвестиции во синџирот на бензинските станици, нашата посветеност воопшто не се намали кон овие проекти. При тоа беа имплементирани нови можности во насока на поширока понуда на промоции и поефикасно искористување на поволностите опфатени со ВЕРНА програмата за лојалност.

Во прилог на тоа говори фактот дека интересот за програмата ВЕРНА и наградната игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“ не опаѓа, туку напротив расте, што за нас претставува дополнителен мотив  при реализирање на зацртаните деловни активности, секогаш посветени кон одржување на високото ниво на стандардите за квалитет, како на нашите горива, така и на нашите услуги и останати производи.

ВЕРНА програмата е само уште еден доказ за нашата насоченост кон потребите на нашите потрошувачи, додека бројноста на корисниците недвојбено говори сама за себе.“– истакна Љупчо Георгиевски, директор на Дирекција за малопродажба

Досега во овогодинешната наградна игра на Макпетрол изминаа 3 редовни кола во кои беа доделени 30 ваучери за Crystal Car, 30 ваучери со ВЕРНА поени, 30 ваучери за Лубекс моторни масла, 30 ваучери за гуми, 6 ваучери за викенд во хотелот МАКПЕТРОЛ во Маврово, односно Струга, 3 Dell лап-топи, а беше доделена и првата главна награда од првото мастер коло – скутерот Honda SH150.

Ристе Златевски, беше среќниот добитник на лап-топ Dell, додека најсреќен во второто мастер коло беше Оливер Панковски, кој си замина со гумен чамец HIGHFIELD CL380 со приколка и мотор Honda од 20 КС.

Од компанијата им честитаа на сите досегашни добитници од овогодинешната наградна игра за добиените награди, а за оние кои не биле толку среќни, од Макпетрол ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата ВЕРНА со надеж дека во наредното коло ќе им се насмевне среќата.

Претходна статијаОткриени нови и подобрени верзии од познатиот софтвер за шпионирање FinFisher за Android и iOS
Следна статијаHuawei ќе почне да го продава својот прв 5G телефон од овој месец