Скопје, (11.04.2019)

Во Ланголо ди кафе, мал и пријатен локал веднаш до Амбасадата на Романија во Скопје (ул. Никола Тримпаре), во понеделник, 15.04.2019, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи неформална кафе-дискусија со дел од екипата на #ЖениМК.

Тие со присутните ќе разговараат за одвивањето, резултатите и заклучоците од нивната онлајн кампања за исклучителни жени од Македонија, како и за нивните идни планови. На настанот, меѓу другото, ќе имате можност да придонесете кон натамошниот развој на оваа уникатна и значајна иницијатива преку ваши идеи за нејзино проширување или надополнување и со предлагање на други исклучителни жени кои ѝ се недоволно познати на јавноста.

Настанот може да се најде на Фејсбук на:

https://www.facebook.com/events/310595839625816/

„Дојдете заедно да поминеме едно опуштено, кафеџиско, понеделничко попладне, за добар почеток на целата недела, придонесувајќи кон нешто исклучително“. – велат од #ЖениМК.

„Настаните кои во сржта на својот карактер се темелот на развојот на иднината се тие кои треба да ги негуваме сите. Затоа се радуваме на претстојната соработка со екипата на #ЖениМК преку која нашето мало кафе-катче ќе стане извор на напредок“. – порача Верица Спасеновска, сопственичка на Ланголо ди кафе.

Претходна статијаДисциплина = Слобода
Следна статијаУапсен Џулиан Асанж по 7 години „криење“ во Амбасадата на Еквадор во Лондон