Триесет совети како да прераснете од стартап во компанија која ќе доживее експанзија е темата на која Rishi Chowdhury ќе говори на настанот кафе со експерт кој ќе се одржи на 3-ти мај, петок, со почеток во 18 часот во Јавна соба.

„Во тесна соработка со 100 стартапи со постигнување на зададените цели да се стане вистинска функсионална компанија воочив одредени препреки кои го забавуваа процесот или не им дозволуваа да пораснат односно да добијат таканаречена експанизија. На предавањето ќе дадеме примери за некои од нив кои ќе ви бидат насока за тоа како вие да доживеете експанзија за вашиот стартап“ вели Rishi Chowdhury, предавач.

Rishi Chowdhury е основач на IncuBus Ventures, каде креира паметни простори и го премостува јазот на стартапи и корпорации. Тој главно се фокусира на презентирање на долгорочни стратегии за тоа како бизнисот да се постави во позиција да движи напред и да добие експанзија.

Rishi Chowdhury има големо искуство во водење и советување на стартапи и акцелератори, како и во Β2Β продажба и маркетинг. Тој е советник на многу растечки пазари, од Блискиот Исток и Африка до Сверна Европа и Азија.

EIR Europe е иницијатива на Swiss Entrepreneurship Program, која е финансирана од Владата на Швајцарија а имплементирана од Swisscontact во соработка со J.E. Austin.

Сите заинтереснирани за предавањето можат директно да се пријават преку е-пошта ina@publicroom.org кое изнесува 150 денари.

Претходна статијаЕфектите на 5G интернет врз здравјето: Колку е сериозна работата?
Следна статијаFacebook Messenger ќе биде целосно преработен до крајот на годината