На 9 април во 18 часот во Public Room, Скопје, ja продолжуваме традицијата на InTech Meetup со шестото издание на настанот кој има за цел да поттикне размена на знаења за нови технологии и вмрежување на луѓето од IT заедницата во Македонија. Овојпат тема на дискусија е Machine Learning: An artificial intelligence approach.

Шестото издание на InTech Meetup ќе го одбележат тројцата говорници кои во Скопје доаѓаат од Amazon Web Services, ProSiebenSat1 и TeamViewer. Тоа се Julien Simon, Lukas Pollmann и Filip Vitek.

Julien e експерт за вештачка интелигенција во Amazon Web Services. Пред да се приклучи на AWS, Julien работел 10 години како CTO/VP Engineering во врвни стартапи, каде што водел големи тимови задолжени за илјадници сервери низ целиот свет. Низ своето долгогодишно искуство успеал да ги сфати ограничувањата на физичката инфраструктура, а притоа да ги согледа предностите на cloud computing.

Lukas e Data Scientist во ProSiebenSat1, најголемата медиумска компанија во Германија. Претходно има работено како технички евангелист за машинско учење во Microsoft, а исто така е основач и на најголемата студентска мрежа за нови технологии при Техничкиот универзитет во Минхен. Дел од вештините кои ги поседува се: Data Science, Cloud Computing, Machine Learning, а главна цел му е да им помогне технички на стартап компаниите да стигнат до ,,cloud” и пошироко.

Filip е експерт за анализа на податоци со 15 годишно искуство во различни индустрии, иноватор, блогер и спикер на многу светски настани. Од 2017 година тој е Data Science Director во TeamViewer, една од водечките германските компании, каде што неговиот тим го анализира однесувањето на повеќе од 1,7 милијарди корисници од 252 земји.

Oна што е новост кога се во врска InTech Meetup настаните е workshop-от со Julien Simon на тема Amazon SageMaker, кој ќе се одржи веднаш по презентацијата на последниот, трет говорник. Со оглед на тоа дека бројот на места за workshop-от е ограничен, побрзајте и заедно со регистрацијата потврдете го своето учество.

Зад организацијата на овој настан стои InPlayer, а на наше големо задоволство истиот е поддржан од нашите партнери Cognism, SMS Construction и Anhoch.
Како поддржувачи на настанот се јавуваат IT.mk, Brainster и Smartportal.mk

Се гледаме на 9 април во 18 часот во Public Room. (регистрирајте се тука).

За повеќе информации, следете го настанот преку социјалните профили на Facebook, Instagram, Twitter или преку #intech хаштагот.

Претходна статијаMicrosoft го отвори кодот на Windows Calculator
Следна статијаДали компаниите кои заработуваат од нашите податоци треба да плаќаат данок за оваа заработка?