Ве повикуваме на уште едно InTech дружење со програма која сметаме ќе го задоволи сечиј иновативен апетит и секако ќе остави бројни впечатоци на сите посетители. Овојпат, на нашата и ваша meetup сцена ќе гостуваат:

Фокусот и темата на овогодинешниот InTech meetup е Дваесетгодишнината од Open Source Software што само по себе претставува значајна пресвртница во ИТ индустријата на глобално ниво. Токму затоа одлучивме да му дадеме акцент на неверојатниот успех на Open Source движењето поттикнато од успешни програмери и компании од светски размери.

Ќе зборуваме на теми како изворедниот успех на Open Source движењето од неговото појавување во 1998 до денес, можностите и инспирацијата кои ги нуди, како и успешни приказни од компании кои инвестираат за да се популаризира неговото влијание. Нашите говорници ќе ги споделат своите професионални искуства, знаења и предизвици од секојдневнието во оваа индустрија на иновативност и лидерство.
Местата се ограничени, пријавете се ​тука​.

Претходна статијаWizz Air UK доби сертификат за воздушен оператор и оперативна лиценца
Следна статијаКомпанијата Singular со номинација за најиновативен софтвер во iGaming индустријата