Како што се очекуваше, Huawei ќе ги претстави Mate 30 уредите овој месец. Тие официјално го закажаа настанот на којшто ќе бидат презентирани уредите за 19-ти септември, а ќе се одржи во Минхен.

Huawei Mate 30 се очекува да работи на новиот Kirin 990 којшто треба да биде претставен оваа недела на IFA 2019 саемот во Берлин. Исто така, за Mate 30 се најавуваат 4 камери на задната страна, со што овој уред ќе ја продолжи традицијата на Huawei на едни од најдобрите уреди на пазарот кога е во прашање фотографијата.

Сепак, поради проблемите кои ги има компанијата со САД, главното внимание за овој настан сепак прво ќе биде да се види на кој софтвер ќе работат новите уреди. Веќе има најави дека тие нема да може да ги користат Google сервисите и апликациите, па иако оперативниот систем треба да биде Android, нема да ги има Google Chrome, Maps, Gmail, како и продавницата Play Store.

Дозволата која Google ја има за соработка со Huawei, според информациите е за веќе претставените уреди, па иако ова не е официјално, постои шанса да сепак дозвола не биде издадена за новите уреди.

Huawei настанот го најави преку нивниот Twitter профил во форма на кратко видео, а еве ја најавата во продолжение.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.