Screenshot 2014-09-25 22.36.11

HTC оваа недела почна да испраќа покани до медиумите за настан кој што треба да се одржи на 8-ми Октомври. Како што тоа е нормално пред овие настани, повеќе информации околу тоа што ќе биде претставено нема, но можеме да претпоставиме од teaser видеото кои што компанијата го објави.

Од видеото се гледа дека HTC планира да претстави камера која што ќе биде конкуренција на GoPro, односно таканаречена акциона камера наменета за снимање на активностите на луѓето најчесто при движење. Камерата се очекува да вклучува широки леќи, способност да снима time lapse видеа, како и забавени снимки. Она што може да претпоставиме од видеото кое што го претстави HTC е дека камерата би била толку лесна што корисникот нема да има проблеми со носењето, нешто што се разбира е клучно за овој вид на уреди.

Според инфомациите кои што можат да се најдат, камерата треба да го носи името RECamera, што соодвествува со teaser-от во видеото кој што гласи Нешто извонредно, односно Something Remarkable. Исто така камерата се очекува да вклучва 16 мегапикселен сензор, како можност за поврзување преку Wi-Fi.

Иако HTC не ја покажува камерата во видеото, сепак одреден Reddit корисник тврди дека има дојдено до слики од истата. Од сликата која што можете да ја видите во продолжение може да се види дека се работи за камера која што ќе има форма на цевка, односно завртена на горната страна како перископ.

HTC-RECamera-accessories-hero-640x275

Настанот ќе се одржи во New York за две недели, па не останува уште многу за да се види за што точно се работи.

Дали во нашата земја ваквите камери се популарни кај корисниците ? Дали можеби некој од вас кој што возат велосипеди или често планинарат би сакале да користат ваков производ ?

Извор: The VergePhandroid, HTC RECamera

  • ОЗНАКИ
  • HTC
Претходна статијаMicrosoft направи голема интерактивна коцка наоружана со Kinect
Следна статијаApple брзо ја издаде iOS 8.0.2 надградбата, ги исправа настанатите проблеми од претходната
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.