Загреб, 12-ти јуни, 2018 –  Да преживеете во дивина во која не преживува ниту едно живо суштество и притоа да пропешачите 1.200 километри во 48 дена, влечејќи санки тешки повеќе од 100 килограми, му има успеано само на еден Хрват – Давор Ростухар. Како има успеано да го исполни својот најголем сон, првата самостојна хрватска експедиција на Јужниот пол, најголемиот авантурист на овие простори ќе раскаже на 11-тиот Weekend Media Festival овој септември во Ровињ.

Зошто моментално се наоѓаме во пост-книжевно време во кое читањето е станато реткост како во средниот век, на 11-тиот Weekend ќе открие Дејан Веричич, професор и главен на одделот за комуникологија на Универзитетот во Љубљана. Веричич ќе говори за враќањето на фокусот од зборовите на сликите, кој ја обликува денешната комуникација. Комуникациските трендови не му се непознати, со нив редовно се сретнува уште од 1994 година од кога го организира BledCom, годишен меѓународен симпозиум за истражување на односите со јавноста.

„Лажни вести, пост-факти и пост-вистини кои го следат пост-читањето поттикнуваат граѓански и потрошувачки промискуитет – доаѓаат нови дваесетти и бурни години, во кои конечно ќе ја напуштиме Guttenberg-овата галаксија и ќе тргнеме кон прекрасен нов свет на разни слики“ – истакна Дејан Веричич.

Словенскиот практичар и теоретичар на стратешко комуницирање има докторирано на London School of Economics and Political Science (LSE), па до сега има напишано преку 10 книги и 300 научни статии. Партнер и директор за знаење во компанијата Stratkom награден е во 2001 во Велика Британија со медалот на Алан Камбел – Џонсон за извонреден придонес во меѓународните односи со јавноста и во 2016 во Њујорк со најголемата награда на американскиот институт за односи со јавноста за практична употребливост на научно истражување – Pathfinder Award.

Од Унгарија ни доаѓа основачот на SpringTab.com и спортист од University of Southern California Петер Санто за да одржи говор за магичната формула која ќе им помогне на учесниците успешно да го „продадат“ својот „пич“. На неговата корисна работилница учесниците ќе можат да ги презентираат сопствените „пичови“ на Петер, а тој, во помалку од 10 минути, ќе ја деконструира и создаде магичната реченица за секој од нив.

Санто, воедно и познат „влогер“ кој се занимава со продуктивност, сместен е во топ 30 под 30 години во унгарското издание на Forbes, а во својата кариера има соработувано со Time Warner, L’Oreal, OTP, Fashion Street и TripTrotting. На говорникот од Унгарија делењето на совети како најдобро да го лансирате својот личен бренд ќе му биде уште едно супер искуство, кое го обожава, а уживајќи во работите кои го интересираат успеал да изгради име во светот на дигиталното работење.

Најголемиот регионален комуникациски фестивал оваа година се одржува од 20-ти до 23-ти септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, а партнери се Франција и Германија. Сите „маркетингаши“ своите дела можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални трудови во регионот повторно ќе ги претстави најважната дигитална награда SoMo Borac.

Претходна статијаМакпетрол промовираше нови горива – Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power
Следна статијаЕлон Маск одлучи да го намали бројот на вработени во Tesla за 9%