Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2017 година на Global Game Jam се сретнаа 36.000 џемери, се одржа на 702 локации во 95 земји и беа создадени преку 7.000 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1200 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 121 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam Macedonia 2018 се очекува да има преку 300 учесници на локациите. За нив организаторите ќе обезбедат непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 2000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Global Game Jam во Скопје го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри) и оваа година ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. За учесниците е обезбеден непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Во текот на работата ментори од ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на нашата web страна: http://gamejam.mk

Претходна статијаБоб Лац: Купете си Tesla автомобил додека сѐ уште постои
Следна статијаFacebook треба да плаќа за содржините кои се дистрибуираат?