На 18 и 19 Април во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан ќе се оддржи “German Cooperation Startup Camp” каде што во неформална атмосфера, стартапите и компаниите учесници на самитот ќе имаат можност да разменат идеи и искуства, присуствуаат на инспиративни говори, презентираат своите иновативни продукти и услуги, работат на предизвици од дигиталната економија и бидат обучени од страна на претприемачи за тоа како најдобро да ги претстават своите идеи и работат со инвеститори.

Во рамки на Стартап кампот во вториот ден од самитот ќе се одржи “Pitching Competition” каде што присутните стартапи и компании ќе ја претстават својата бизнис идеја пред експерти од сферата на претприемништвото.

“Pitching Competition” е отворен за јавноста и ќе се оддржи во ЕКСПО салата (во Спортскиот центар Борис Трајковски, главната сала) со почеток од 09:30 часот.

Повеќе детали за German Cooperation Startup Camp можете да пронајдете на: https://digitalsummitwb6.com/startup-camp/

Претходна статијаAlterEgo е нов систем од MIT кој може да ги разбере зборовите кои си ги кажуваме во главата
Следна статијаКако би изгледал смартфон од Samsung со исечок на горната страна или без рамки воопшто