12то издание на 24 часовниот натпревар IEEEXtreme се одржа годинава на 20ти Октомври, со тоа што оваа година може да се пофалиме дека имавме рекорден број на Македонски тимови 13, односно вкупно 35 натпреварувачи, и рекорден број на пријавени тимови на глобално над 4000+.

Тимовите „Patzers“ и „Meme“ кои беа составен студентите Давид Серафимов, Харис Мандал и Денис Мазникар, како и Васја Павлов, Стојан Илиески и Давид Симеоновски се пласираа во Топ100 на глобално ниво и Топ20 на регионално ниво, односно тимот „Patzers“ е на 40то место на глобално, додека пак на регионално 12то место, а тимот „Meme“ 66то на глобално и 20то на регионално. Во Топ100 на регионално ниво влегоа и тимовите „RNG“ составен од Иван Неделковски, Божидар Стевановски и Јован Јовановски кои се 35то место на регионално и 102 на глобално ниво, како и тимот „Laniarri“ составен од Горјан Поповски, Дарко Бошковски и Данаил Крзаловски кои се пласираа на 76то место на регионално и 186то место на глобално ниво.

Останатите Македонски тимови:

IPA“ – 303 (глобално) – 120 (регионално)

LANXtreme“ – 326 (глобално) – 130 (регионално)

Assembler“ – 494 (глобално) – 200 (регионално)

ASP“ – 574 (глобално) – 233 (регионално)

SD“ – 577 (глобално) – 236 (регионално)

SKKAV“ – 674 (глобално) – 266 (регионално)

BufferOverFlow“ – 799 (глобално) – 301 (регионално)

DeTe“ – 1489 (глобално) – 520 (регионално)

IPA“ – 1829 (глобално) – 600 (регионално)

Резултатите се одлични со оглед на тоа што оваа година земаа учество рекорден број на тимови над 4000. Очекуваме следната година да имаме повеќе тимови, и уште подобри резултати!

Регионалното ниво според IEEE е R8 односно Европа, Средниот Исток и Африка.

Натпреварот беше во организација на Компјутерскиот оддел при Македонската секција на IEEE, а поддржан од страна на Netcetera (воедно и домаќин на натпреварот), NI TEKNA, RedBull и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Погледнете ги официјалните резултати.

Претходна статијаGoogle ја пушти првата официјална верзија од Digital Wellbeing апликацијата за Android 9
Следна статијаNASA официјално продолжува со развојот на наредниот суперсоничен авион