Под наслов “Digital for Entrepreneurship“ во среда, 20.11.2019, 10.00 часот, во City Hall – Скопје, ќе се одржи серија на панели во рамките на „European Day of the Entrepreneur“, а во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, поддржана од EOS Matrix и Тиквеш, на која ќе се зборува на неколку актуелни теми, со цел олеснување на мисијата и предизвикот со кој претприемачите се соочуваат во денешно време, како и можностите и предизвиците кои што дигитализацијата им ги нуди на малите и средни претпријатија.

На конференцијата, чија целосна агенда можете да ја погледнете на следниот линк, меѓу другото ќе се зборува и за тоа како до брз раст со помош на дигиталниот маркетинг, за електронската трговија како можност за македонските компании за излез на светскиот пазар и за тоа како да успеете да ја финансирате својата претприемачка и иновативна идеја.

Присутните на оваа конференција на трите различни панели ќе имаат можност да слушнат повеќе од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Insider ID, Таргет Груп, Масит, Стартап Македонија, Piksel, Creative Hub, Image PR, P3 Инфомедиа, Paket.mk, Signori, DHL Express, Асоцијација за е-трговија на Македонија и Шпаркасе банка.

Инаку, „European Day of the Entrepreneur“ се одржува по 14-ти пат во рамките на Европска недела на мали и средни претпријатија, серијал од настани кој има за цел промовирање на претприемништвото, креативноста и иновативноста, како и информирање на претприемачите за поддршката што им се нуди преку разни форми за нивен развој достапни во националните, локалните програми и програмите на ЕУ.

Присуството на оваа конференција е бесплатно, а за регистрација на вашето место на овој навистина уникатен настан доволно е да се регистрирате и потврдите своето присуство на следниот линк. Бројот на места е ограничен.

Претходна статијаInstagram го проширува тестот за криење на лајковите во целиот свет
Следна статијаПродажбата на Huawei Watch GT 2 во Македонија започна со летечки старт