Денеска и утре, со почеток од 12 часот, па сѐ до 20 часот на платото пред Скопје Сити Мол на Деновите на финансиската писменост ќе се одржат доста интерактивни игри за најмалите, но и за возрасните сѐ со цел зголемување и подобрување на финансиската писменост.

На секој час почнувајќи од 12 часот ќе има по една игра, а за најуспешните, организаторите се погрижија да има големи награди, како што се: 16 ваучери за шопинг, 40 пакет подароци од Steadler, 10 bluetooth звучници, како и 40 репрезентативни подароци од учесниците на настанот (маици, каси, сложувалки…).

Денови на финансиската писменост е тридневен настан кој има за цел да стави силен акцент на финансиската едукација кај луѓето, како и да се подигне нивото и општата свест за финансиската писменост. За таа цел сакаме да ја повикаме јавнсота да биде дел од оваа манифестација во што поголем број, со што заедно би успеале да ја подигнеме свеста кај секој од нас.

На овој мултимедијален настан учествуваат претставници на финансиските институции како што се: банките, штедилниците, друштвата за осигурување, друштвата за управување со инвестициските фондови, друштвата за управување со пензиските фондови и микрофинансиските институции.

Претходна статијаБорбата на интернетот во Македонија на почетокот беше за корисници, денес е борба против лажните вести и говорот на омраза
Следна статијаГолем 3×3 баскет турнир во Скопје Сити Мол