На свечената церемонија во Претседателството на Република Бугарија која се случи вчера, во 16:30 часот, беа прогласени победниците на 18-тото издание на Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT 2017-2018. Натпреварот е организиран од софтверската компанија Мусала Софт, под покровителство на Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Во рангирањето за јуниори, прво место освои Благојче Павлески од Прилеп.  Второ место освои Виктор Кожухаров од Русе, а трето место е Доријан Лендвај од Поповача, Хрватска.

Благојче Павлески има 15 години и е од Прилеп. Моментално, завршува деветто одделение и е прогласен за ученик на генерација. За време на неговото основно образование учествувал и освојувал награди на голем број натпревари од областа на математиката, биологијата, физиката, но и на натпревари во спортот и ликовната уметноста (две години по ред на „The Lions Club“). Тој во деветто одделение освојува прва награда на општински и регионални натпревари, како и втора награда на државен натпревар. Освен тоа, Благојче освоил второ место на државен натпревар по физика. Благојче ќе ја претставува Македонија на Меѓународниот натпревар по информатика за млади.

Во рангирањето за сениори, победник е Мартин Копчев од Габрово, Бугарија на второ место е Виктор Терзиев од Софија, Бугарија. На трето место е Тодор Бончев од Враца, Бугарија.

Во поздравниот говор до победниците и гостите на настанот, Претседателот на Република Бугарија и пaтрон на финалниот круг на натпреварот, Румен Радев, рече: „Иднината на економијата е во високата технологија која се базира на дигитална технологија и информатика. Затоа, нашата надеж е во вас!“ Тој особено им се заблагодари на организаторите од Мусала Софт, како и на партнерите и пријателите на натпреварот. Тој додаде: „Посакувам натпреварот CodeIT, заедно со поддршка на сите присутни, да го умножува успехот, да привлече се повеќе и повеќе млади луѓе, со цел да проширување на знаењето.

На настанот присуствуваа претставници на академски институции, претставници на невладини организации од областа на информатичките технологии, спонзори и партнери на натпреварот.

„Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT, повторно ги собра брилијантните таленти во натпреварувачкото програмирање. Ова е една од долгорочните иницијативи на Мусала Софт и ние сме горди што добивме поддршка од претседателската институција, од елитните образовни и академски институции, бизнис и невладиниот сектор. Убедени сме дека младите луѓе кои учествуваа на CodeIT ќе бидат меѓу лидерите на софтверската индустрија. Среќни што сме дел од нивниот пат кон врвот!“ рече Елена Маринова, Претседател на Мусала Софт. 

Рангирање на 12-те финалисти од Сезона 2017/2018:  

1 место: Мартин Копчев (Габрово, Бугарија) – прва година во Природно-математичка гимназија „Акад. Иван Гјузелев“, гр. Габрово

2 место: Виктор Терзиев  (Софија, Бугарија)  – четврта година во Математичка гимназија „Паисиј Хилендарски“ во Софија

3 место: Тодор Бончев (Враца, Бугарија) – софтверски инженер во меѓународна компанија

4 место: Алекса Плавшиќ (Крагујевац, Србија) – студент во втора година на Факултет за компјутери во Белград, Србија

5 место:  Радослав Димитров (Пловдив, Бугарија) – Математичка гимназија „Акад, К. Попов“, гр. Пловдив

6 место:  Емил Инджев (Русе, Бугарија) – четврта година во Природно-математичка гимназија „Баба Тонка“, гр. Русе

7 место: Станислав Николов (Софија, Бугарија) – втора година, во Математичка гимназија „Паисиј Хилендарски“ во Софија

8 мeсто: Виктор Лучи’ (Сомбор, Србиja) – трета година во гимназија „Велико Петровиќ“

9 мeсто: Вилим Лендвай (Поповача, Хърватия) – четврта година во XV гимназија во Загреб, Хрватска

10 мeсто: Душко Обрадович (Сомбор, Србија) – наставник во гимназијата во Сомбор (High School of Sombor)

11 мeсто: Петар Нјаголов (Русе, Бугарија) – трета година во Природно-математическа гимназија „Баба Тонка“, гр. Русе

12 мeсто: Антани Господинов (Јамбол, Бугарија) – , ПМГ „Атанас Радев“

Рангирање на CodeIT Junior 2017/2018:

1 мeсто:  Благојче Павлески (Прилеп, Македония)  – ООУ „Кире Гаврилоски Јане“

2 мeсто: Виктор Кожухаров (Русе, Бугарија) – прва година в ПМГ „Баба Тонка“, гр. Русе

3 мeсто: Доријан Лендвај (Поповача, Хрватска) – осмо одделение во Основното училиште во Поповача

4 мeсто: Георги Петков (Софија, Бугарија) – осмо одделение, Математичка гимназија во Софија „Паисиј Хилендарски“

5 мeсто: Румен Михов (Јамбол, Бугарија)  – осмо одделение, ПМГ „Атанас Радев“

Финалето на натпреварот се одржа на 3 јуни (недела) помеѓу 12:30 и 17:30 часот во Софија. Учесниците во финалниот круг се селектирани според резултатите кои ги постигнаа за време на шесте прелиминарни (онлајн) круга на ммеѓународниот натпревар за програмирање кое се одржа од октомври 2017 до мај 2018 година.

Традиционално, секоја година финалистите на CodeIT се сретнуваат со „гуру“ на натпреварот по програмирање. Оваа година, финалистите ќе слушнат интересно предавање од Иван Катиниќ, долгогодишен натпреварувач по програмирање и добитник на многу медали и награди на меѓународни натпревари. Дел од неговите достигнувања вклучуваат златен медал на IOI и две сребрени медали од ACM ICPC. Катаниќ има завршено магистерски студии на Универзитетот во Загреб. Неговото образование е фокусирано на machine learning & block chain technologies. Катаниќ бил практикант во Facebook, MemSQL и Jane Street. Тој е дел од заедницата на програмерите многу години и продолжува да учествува во натпревари по програмирање. Тој ги подготвува учесниците на CodeIT од Хрватска и подготвува задачи.

Мусала Софт срдечно им благодари на поддршката на претседателската институција како патрон во финалниот круг CodeIT – Претседателот, Румен Радев, патрон на финалниот круг на CodeIT и за церемонијата на наградување на победниците, која се одржи во зградата на Претседателската администрација. Компанијата се заблагодарува на домаќинот на финалната рунда на натпреварот – Интерпред, Светскиот трговски центар во Софија.

Организаторите искажуваат благодарност кон патроните на шестте претходни круга на натпреварот оваа година:

I круг: Проф. Красимир Манев, Претседател на Европската младинска олимпијада по информатика (eJOI) и почесен претседател на жирито на CodeIT и проф. Д-р Александар Тормазов, Ректор на Универзитетот Иннополис, Русија – домаќин на eJOI 2018

II круг: Проф. дтн инж. Георги Михов, Ректор на Технички универзитет Софија

III круг: Проф. дфн Анастас Герџиков и Софиски универзитет “Св. Климент Охридски ”

IV круг: Акад. Јулијан Ревалски, Претседател на Бугарска академија на науките

Круг: д-р Стефан Саливан, Претседател на Американскиот универзитет во Бугарија

VI круг: инж. Иван Тотев, Градоначалник на Општина Пловдив.

Дополнителни информации за CodeIT:

CodeIT (http://codeit.bg/) е едно од најстарите натпревари по програмирање во светот и најелитен натпревар по информатика, кој традиционални се спроведува под патронажа на Претседателот на Република Бугарија. Со исклучок на финалето, сите кругови се онлајн, преку сајтот на натпреварот. Освен генералното рангирање, има и одделно „Junior“ рангирање за ученици под 8мо одделение.

Меѓународниот конкурс по програмирање CodeIT e една од најдолгорочните иницијативи на Мусала Софт, дел од политиката на корпоративна општествена одговорност на компанијата, како и стратегијата за охрабрување на сите заинтересирани за алгоритми, програмирање и информатичка технологија. Мусала Софт верува дека квалитетот и ефективното учење, заедно со создавање на можности за талентите во оваа област преку промовирање на нивните аспирации за развој и значително придонесуваат за подобра иднина на софтверската индустрија.

CodeIT нема возрасни ограничувања за учесниците, но главната група натпреварувачи се ученици и студенти со интереси во сферата на алгоритми и натпреварувачко програмирање – многу од нив имаат освоено медали од национални и меѓународни олимпијади. Натпреварот се одвива секоја година во 6 прелиминарни онлајн рунди и финален круг со присуство на натпреварувачите во партнерство со компании, невладини организации, ИТ асоцијации и водечките образовни институции во Бугарија.

CodeIT има 6 онлајн круга:

  • Три круга „СПРИНТ”, во кој секој содржи по 5 „брзи” задачи. Натпреварувачите задолжително треба да имаат точен резултат на задачите;
  • Три круга „МАРАТОН”, од кои секој вклучува 1 задача. Во овој круг се бара оптимално решение на зададениот резултат;

Во мај се одржува финалниот круг со присуство, во кој учествуваат дванаесетте најдобри натпреварувачи во сезоната.

Сите кругови се ротираат секој месец, а почетокот е во октомври. Разновидноста на задачите/круговите имаат за цел да ги доведат учесниците во различни ситуации за да ги покажат своите вештини и знаења во програмирање.

Претходна статијаApple го претстави iOS 12 – многу подобрувања во перформансите, но и неколку нови функционалности
Следна статијаApple го претстави macOS Mojave – темен режим за работа и нова Stacks функција која ги групира датотеките на десктопот