Загреб / Скопје, 19. јуни, 2018 – Сите агенции за маркетинг и комуникација од Регионот се поканети до 1. септември 2018 година да ги пријават своите проекти за учество на “BalCannes“, кој оваа година ќе се одржи во Ровињ, како дел од Викенд Медиа Фестивал. На седмото издание на “BalCannes“, организирано од Хрватската Асоцијација за Пазарни Комуникации (HURA) и Викенд Медиа Фестивал, ќе бидат избрани 25 најдобри комуникациски проекти од целиот регион. Најдобрите меѓу нив ќе освојат специјални жири награди – “BalCannes“ лавови, додека најдобрата агенција од регионот ја очекува специјална награда – натпревар на меѓународниот фестивал на креативност “Cannes Lions 2019“! Имено, организаторите на “BalCannes“ ќе ги покријат трошоците за апликација на еден проект на натпреварот “Cannes Lions“ во 2019 година.

Проектите ќе ги разлгедува и оценува жирито составено од 25 експерти – претставници на Клиентите, агенции и новинари од неколку земји во регионот. Интересно е тоа што на “BalCannes“, натпреварувачите имаат ретка можност да дознаат од прва рака како секој од трите состави на жирито – клиенти, агенции и медиуми – размислуваат за нивните проекти одделно.

На “BalCannes“ се натпреваруваат и мали проекти и големи кампањи, домашни проекти, како и оние создадени за странските пазари. Токму и затоа се доделуваат наградите за најдобар комуникациски проект создаден за странскиот пазар и најдобар проект реализиран на регионалниот пазар.

Одлични вести за сите оние кои сакаат да аплицираат се и специјалните понуди: “4 + 1 апликација бесплатно“ и “7 + 3 апликации бесплатно“. Оваа година, за првите четири проекти поднесени од истата агенција, петтиот проект може да го поднесат бесплатно, додека за првите седум проекти поднесени од истата агенција, добиваат уште три дополнителни проекти. Апликациите за пријавување на “BalCannes“ се спроведуваат онлајн преку веб страната  www.balcannes.com.

Единаесеттиот Викенд Медиа фестивал оваа година се одржува од 20. до 23. септември, а како и секогаш, локацијата е во рамки на поранешната фабрика за тутун во Ровињ. Покрај конструктивните,  понекогаш и провокативни дискусии, Викенд Медиа Фестивалот е познат и по најдобрите забави. И оваа година може да се очекува различна музичка програма и дружење до доцните ноќни часови.

Претходна статијаТест на Tesla Autopilot покажува зошто не ретко се случуваат сообраќајни незгоди со овој систем
Следна статијаНова iOS Академија за програмирање на Семос Едукација и CodeWell