Што претстави Apple оваа недела, во 7 минути

Видео сумирањето е направено од The Verge и на кратко ги прикажува сите новини претставени на вчерашниот настан

Apple вчера го одржа настанот на којшто слободно може да се каже дека беа претставени интересни новини, кои не се стандардното претставување на нов телефон или компјутер.

На настанот Apple ја претстави својата конкуренција на Netflix, долго време најавувана, Apple TV+. Овој сервис ќе стане достапен од оваа есен, а голем број на познати имиња од филмската индустрија се дел уште од самиот почеток.

Apple Card беше уште една интересна работа која беше претставна. Кредитна картичка со брендот на Apple, која е замислена да се користи директно од iPhone.

Apple Arcade и Apple News беа исто така претставени, а се работи за сервиси со претплата за игри и „весници“.

Целиот настан сумиран во 7 минути благодарение на The Verge можете да го погледнете на почетокот од статијата.

Претходна статијаApple го претстави Apple Arcade сервисот за игри со претплата
Следна статијаVip воведува Smart Home
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.