Скопје, (06.10.2018) Оваа е трета година по ред кога Skopje Run 10K успева во својата клучна цел, да го промовира спортот и спортувањето во Скопје и Македонија. Околу 2.000 тркачи излегоа ова прекрасно утро на бул. Илинден во Скопје.

На Skopje Run 10K во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Дарио Ивановски заедно со Андријана Поп Арсова срушија два државни рекорди. Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка, додека Поп Арсова го урна женскиот државен рекорд во иста категорија.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

Во нејзин склоп оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух каде од продадените dry-fit маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Skopje Run 10K и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.

Сите учесници по трката може да ги симнат своите фотографии од http://skopje.run преку специјалната апликација Pic2Go.

Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.

Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт на РСМ и Град Скопје, а ко-организатор е МВР на РСМ.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.