Втората половина на Октомври резервирајте ја за есенски прошетки низ скопските улици и локалите кои се дел од Skopje Cocktail Week. Она што ќе може да го искусите се совршено креирани коктели наменети за сезоната што следи.

Во периодот од 18ти до 25ти октомври, за прв пат годинава, се одржува Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак – компанија која 25 години е присутна на пазарот  како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Идејата, преку овој „фестивалски„ настан, е да им се даде поддршка на локалите да ја креираат својата понуда според високи светски стандарди, а со тоа и да им се овозможи едно поинакво искуство на гостите во локалите за оваа есен/зима сезона.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која ќе се одржи ден пред да започне Skopje Cocktail Week, сакаме да ги информираме и едуцираме сопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува. Станува збор за избор за коктели кои се соодветни за служење во зимскиот период. Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се се` повеќе заинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинакви во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера.„ – изјави Ива Сотировска, раководител на маркетинг секторот во Гемак.

Во рамките на настанот , кој ќе трае од 18ти до  25ти Октомври, ќе бидат опфатени вкупно 13 локали во кои посетителите ќе можат да нарачаат и пробаат, 7 различни коктели креирани само за овој настан. Дополнително, гостите ќе имаат можност да добијат интересни подароци од  промотивниот тим на Skopje Cocktail Week.

Идејата  е настанот да има и свои следни изданија, не само во Скопје, туку и во градовите низ државата.

Се гледаме на Skopje Cocktail Week!

За  повеќе информации за програмата и мапата на локали следете ја Facebook https://www.facebook.com/skopjecocktailweek/  и Instagram страната https://www.instagram.com/skopjecocktailweek/ на Skopje Cocktail Week.

Претходна статијаGoogle Calendar на веб доби модерен редизајн
Следна статијаКапитол мол подарува цел месец