Погледнете ја првата реклама за Samsung Galaxy S9

Иако уредот ќе се најде во продажба за дури 2 недели, компанијата веќе ја претстави првата телевизиска реклама која ќе го промовира пред публиката.

Samsung интензивно ја води медиумската кампања за промоција на својот последен производ, популарните Galaxy S9 и S9+. Иако уредите ќе се најдат во продажба за дури 2 недели, компанијата веќе ја претстави првата телевизиска реклама која ќе ги промовира пред публиката.

Она што компанијата најгордо го претставува е камерата. Особен акцент се става на функцијата на динамична (променлива) апертура. Може да се рече дека рекламата за телефонот е практично реклама за камерата и демонстрација на можностите за снимање.

Покрај камерата, гледачот ќе успее „да начуе“ нешто и во врска со другите карактеристики. На пример, фактот дека е водоотпорен, поседува „бесконечен“ екран или дека нуди surround звучен ефект.

Рекламата беше промовирана и почна да се емитува за време на доделувањето на наградата Оскар. Samsung го одбра овој момент за промоција на својот „знаменосец“ поради фактот што оваа манифестација привлекува огромен број на гледачи од целиот свет.

ИЗВОРTechno Buffalo
ИЗВОР 2Samsung
Претходна статијаUbisoft ќе идентификува bug-ови со помош на ВИ, уште пред истите да бидат направени
Следна статијаNikon, Sony и други гиганти од индустријата ќе утврдуваат NICE стандард за паметни камери