За сите читатели кои се нетрпеливи и чекаат да ги видат новите Galaxy S9 уреди, Samsung вчера по грешка го пушти промо видеото од истите. Видеото е веднаш тргнато, но сите знаеме дека ништо не може баш лесно да биде тргнато од интернет.

Истото е достапно на YouTube, па на помалку од еден час до официјалното претставување, еве да погледнете уште едно видео кое веќе и целосно ни го открива изгледот на новите уреди.

Во видеото може да се види новиот DeX док кој го претвора телефонот во десктоп компјутер, преведувањето во живо преку камерата, се разбира дизајнот на уредите, а остатокот можете да го видите во видеото подолу.

Претходна статијаSamsung денес ги претставува Galaxy S9-ките – следете го настанот во живо
Следна статијаSamsung Unpacked во живо – следи го претставувањето на Galaxy S9 тука
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.