Како и повеќето производители кои не се Samsung, Apple или Huawei и Xiaomi, така и HTC веќе неколку години не може да се пофали со успешен модел, како што тоа беше случајот порано. Овие неколку години пазарот на смартфони слободно може да се каже дека се подели во главно на овие неколку големи играчи, а останатите не се веќе „тоа што беа“.

Сепак, не сакаме да ги потценуваме останатите само затоа што не прават продажби во неколку стотини милиони, а истите продолжуваат да работат одлично. HTC го продаде делот од мобилниот бизнис, поточно вработените на Google, но сепак не се откажуваат од претставување на смартфони под нивниот познат бренд.

HTC U12+ е моделот којшто треба да биде претставен оваа година и како и секогаш, информации имаме колку сакаме пред официјалното претставување.

Порталот Venture Beat излезе со слика на која наводно е прикажан официјалниот изглед на новиот уред од HTC, а од него може да се донесат и неколку заклучоци за тоа што може да се очекува.

Па така, се гледа дека уредот ќе биде направен во веќе стандардно прифатениот тренд на екрани без скоро воопшто рамка околу нив. Големината на U12+ треба да изнесува 6 инчи и да има резолуција WQHD+, односно околу 2560×1440 пиксели.

Ќе работи на најновото за оваа година, односно на Snapdragon 845, а ќе вклучува и 6 GB RAM меморија и 64 или 128 GB меморија за складирање на податоците. Батеријата на уредот ќе биде со капацитет од 3.420 mAh.

Од сликата исто така може да се види дека U12+ ќе има двојна камера и на предната страна, што ќе овозможи интересни ефекти за слефи сликите. Истите наводно ќе доаѓаат со сензор од 8 мегапиксели кај двете камери. На задната страна исто така ќе има двојна камера, со 16 и 12 мегапиксели.

HTC U12+ ќе ја има и минатогодишната интересна Squeeze технологија која овозможува одредени функции со притискање на страните на уредот.

Кога точно треба да биде претставен овој уред уште не знаеме, но се очекува некаде во април или мај.

ИЗВОР 2VB
Претходна статијаDigiGirlz на Мајкрософт Македонија се одржа во Тетово и Скопје
Следна статијаЗавршува вториот круг за пријавување на Авицена Женска трка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.