Изминатото неделно попладне беше резервирано за Samsung, односно промоцијата на нивниот најнов „знаменосец“. Тие го претставија 9-тото продолжение од популарната серија Galaxy S. Новата гордост на корејскиот гигант ветува дека ќе фасцинира, онаму каде потклекна неговиот претходник, 8-цата. Меѓутоа, во што навистина се разликуваат овие „роднини“ и во што сѐ е подобар поновиот модел Galaxy S9?

Првата разлика се забележува штом се споредат спецификациите на самите два уреди. Бројките се на страна на поновиот модел, разбирливо, меѓутоа тоа не може да ви понуди реална слика за разликите помеѓу овие два телефони. Втората забележлива разлика е од физичка природа, односно дизајнот. Веднаш се забележува дека е изменета локацијата на читачот за отпечатоци од прсти. И третата, но не и најмалку важна работа е функцијата на променлива апертура кај камерата на телефонот.

Но, да одиме од почеток. Бројките се речиси идентични, но сепак на страната на поновиот модел. Меѓутоа, очекувано, доколку во моментов поседувате S8, практично немате причина да го замените за новиот S9. Тоа се должи на фактот дека веќе поседувате неверојатно квалитетен уред, и набавката на нов нема да ги оправда средствата, бидејќи реално нема да добиете којзнае што повеќе во поглед на перформанси. Ова е ситуација која редовно се случува. Да се потсетиме дека на сметка на Apple дојдоа слични критики во времето кога го претставуваа моделот 7.

Сензорот кој врши функција на читач на отпечатоци за прсти е преместен. Од компанијата се убедени дека на овој начин ќе биде олеснето користењето на уредот. Па новата локација се смета како попрактична. Кај новиот уред тој е сместен исто така на задниот дел од телефонот, но овој пат веднаш под камерата. Вака ќе се овозможи полесно отклучување на телефонот, а истовремено ќе се одбегне замачкување на стаклото на камерата.

Се разбира, Samsung не претстави нов уред само за да се пофали дека го имаат преместено сензорот за читање отпечатоци. Она што се споменува како една од главните новини е т.н. динамична(променлива) апертура. Ова се однесува на камерата на уредот. Динамична апертура практично ќе значи дека капаците на леќата динамично ќе се движат во зависност од потребата и ќе пропуштаат оптимално количество на светлина. Во пракса ова најмногу ќе остави впечаток при фотографирање или снимање на слаба светлина.

ИЗВОРTechno Buffalo
ИЗВОР 2Samsung
Претходна статијаКритична маса #70: „Имаш сериозна врска?“
Следна статијаРСБСП: Важни совети како да го управувате возилото по снежни и замрзнати коловози