Новиот Galaxy S9 можеби физички потсетува на неговиот претходник, но дизајнерите зад овој проект се убедени дека овој уред е многу поцврст и поотпорен на удари. Имено, на новиот модел применети се некои корекции во поглед на дизајнот, кој уредот го прават издржлив на удари и ги намалуваат шансите истиот да се скрши при пад.

Поточно се работи за 3 клучни разлики кај гореспоменатите два модели. Првата разлика се однесува на предното стакло кое го штити екранот. Новиот модел има 20% подебело стакло за разлика од претходникот S8.

Втората разлика повторно се однесува на надворешната физичка заштита. Алуминиумската рамка која го обвива уредот од страните се разликува. Легурата користена кај новиот модел се одликува со поголема цврстина. Ова го штити уредот од деформирање при физички удар и го држи заштитното стакло спречувајќи го од распрснување.

Третата, но не и најмалку важна разлика е во димензиите. Имено, новиот Galaxy S9 се разликува во дебелината на страничниот дел од неговиот претходник за 0,2мм. На тој начин се намалува интензитетот на енергијата која се пренесува врз полесно кршливите делови. Се на се ова го чини телефонот практично 20% поиздржлив на физички влијанија.

ИЗВОРT3
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаМорничавата моќ на вештачката интелигенција
Следна статијаDuolingo го „откри“ начинот за најлесно учење странски јазици