Стив Вознијак, ко-создателот на моментално најголемата светска компанија Apple, мисли дека таа сепак нема да биде компанијата која ќе го направи големиот скок во „наредната голема работа“ во технологијата, како што пред малку повеќе од една деценија направи со хипер успешниот iPhone.

Според него, за компанија да може да направи некој револуционерен продукт, треба да биде многу похрабра и воедно и мала компанија која може да ризикува. Apple е спротивно од тоа – тие се голема компанија со голем борд на директори и инвеститори, кои скоро сигурно нема да се сложат во лансирање на продукт или технологија кои се ризични.

Затоа, тој ја гледа Tesla како компанија која може да го направи тоа, а како пример ја дава технологијата за автономно возење. Имено, многу од големите производители на автомобили имаат таква технологија, но сѐ уште не се одлучуваат да ја лансираат на пазарот, за разлика од Tesla, која лансираше дури и „бета“ верзија од автопилотот. Згора на тоа, тие имаат предност од неколку години во однос на технологијата за батериите, која останатите производители имаат проблем да ја стигнат.

Вознијак вели и дека наредната голема работа најверојатно ќе биде „вештачка интелигенција“, сектор во кој вложуваат скоро сите поголеми компании и на кои од неодамна им се придружи и Apple.  Сепак, тоа според него нема да биде доволно тие да бидат повторно револуционери.

Извор: 9 to 5 Mac, Apple Insider, CNET

Фото: Wikipedia

Претходна статијаHuawei Nova 2 и Nova 2 Plus имаат двојна задна камера и селфи камера од дури 20 мегапиксели
Следна статијаНовите процесори на ARM имаат подобрени перформанси, ќе можат да се користат и за машинско учење