Развојот на информатичката технологија се движи со огромно темпо. Со тек на годините, експанзијата во сите области станува сe’ поголема. Вештачката интелигенција зема огромен замав. Истото важи и за смартфоните. Најголем дел од корисниците пристапуваат до Интернет преку мобилен телефон.

Прашањата кои се поставуваат се:

? Во која насока одиме?

? Што значи ова за нашите животи?

? Дали квалитетно го трошиме нашето време поминато онлајн?

Познатиот етичар Тристан Харис смета дека работите се тргнати во погрешен правец. Малите уреди кои ги собира во нашиот џеб се дизајнирани да ни го задржат вниманието што е можно подолго. Нотификација тука, коментар таму, скролање – сето тоа се начини за предизвикување на зависност кај корисниците. И според Тристан, тие воопшто не се наивно дизајнирани. Баш напротив, многу добро осмислени.

Инаку, Тристан Харис е поранешен продукт менаџер и етички дизајнер во Google. Моментално води своја непрофитна организација Time Well Spent. Таа се фокусира на адиктивната природа на технологијата. Нејзината главна цел е да се поттикне подобар дизајн на апликациите, кој ќе биде во интерес на корисниците и она што е добро за нивните животи.

“Толку е невидливо тоа што што си го правиме себеси”, вели тој. “Ни се случува јавна здравствена криза. Тоа ви е како цигарите, само што не се забележува. луѓето не можат да ја видат и да ја признаат ерозијата што ни се случува на когнитивен план”.

Предупредувањата и загриженоста се оправдани. Постојат голем број на студии кои покажуваат дека користењето на социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Снепчет и Твитер може да имаат негативни последици. Тие ја зголемуваат шансата за депресија или социјална изолација. Практично, да го имате својот телефон постојано околу себе може сериозно да влијае на вашиот когнитивен капацитет.

Но, ако историјата е некаков индикатор, едно од најдобрите места за да направиш реален импакт се универзитетите. Харис се надева дека ќе се поврзе со студенти кои имаат потенцијал да бидат идни лидери во областа на технологија. Тој и самиот е Стенфорд алумни член, како и неговите пријатели, основачите на Инстаграм – Кевин Систром и Мајк Кригер.

Во секој случај, огромно браво за иницијативата. Време е некој да преземе нешто посериозно на оваа тема.

Што мислите вие❓

Пишете ни во коментар ?

Претходна статијаGoogle Maps нуди виртуелни тури низ 11 Disneyland забавни паркови
Следна статијаDigiGirlz настан кој поттикнува вклучување на младите девојчиња во ИТ