Стив Вознијак е загрижен за приватноста во денешно време и препорачува луѓето да се откажат од Facebook

Своето мислење ко-основачот на Apple го дава во кратко интервју за TMZ кои го начекуваат на аеродром и му поставуваат неколку прашања

Приватноста во денешно време со сигурност може да се каже дека не е како што била порано. Сите ние користиме уреди кои се цело време поврзани на интернет, а тука секако се и друштвените мрежи кои функционираат на основа на продавање на тоа што го знаат за нас на огласувачите.

Иако и ова само по себе може да биде проблем, сепак, главниот проблем настанува кога овие информации не се продаваат само на огласувачите, а тука се и злоупотребите на системот за огласување на Facebook и другите мрежи.

Многу луѓе се прашуваат дали нашите телефони не слушаат додека разговараме и каде се испраќа тој разговор. Има случаеви кога одредени апликации се „фатени“ како ги слушаат своите корисници, па единствено што останува како прашање е, до каде оди злоупотребата на денешната технологија, а не дали.

На почетокот од месецот, Стив Вознијак, познатиот ко-основач на Apple, бил „начекан“ додека бил на аеродром од страна на TMZ. Тие му поставуваат неколку кратки прашања, на кои Вознијак со задоволство одговара.

Тој истакнува дека уредите во денешно време имаат многу можности, дека не е сигурен и дали неговиот телефон во моментот го слуша, како и тоа дека лајкот којшто го ставаме кај некој пријател, мислиме дека оди кај него, а тој всушност оди кај огласувачите.

Исто така тој истакнува дека треба да се обидеме да се тргнеме од Facebook, иако за одреден дел од корисниците предноста на Facebook е поголема од отстапките со приватноста кои се дел од мрежата.

Видеото со одговорите на Вознијак е на почетокот од статијата.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаНови „рендери“ од Pixel 4 XL покажуваат дека Google се откажува од исечокот и телефонот ќе има целосна рамка
Следна статијаYour Phone апликацијата од Microsoft ги донесува Android известувањата на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.