Reddit
Фото: CNN

Во разговор на Reddit еден од најпопуларните „свиркачи“ Едвард Сноуден откри некои од најинтересните детали во врска со масовната шпионажа за 2017-та година. Корисниците успејаа да му постават низа конструктивни прашања на кои Сноуден се потруди да одговори што поконкретно. Од мноштвото прашања ние ги издвојуваме најинтересни.

Кој е неговиот најквалитетен извор на инфорамции

На прашањето кој е неговиот највитален извор на информации поврзани со масовното надгледување, односно шпионажа, Сноуден ќе одговори едноставно: историјата. Многумина со чудење го проследија неговиот едноставен одговор на ова комплексно прашање. Меѓутоа, единственото објаснување зошто масовното следење и надгледување е проблем треба да се бара многу години наназад.

Што може просечниот човек да направи за да иницира промена

Најголемиот адут во борбата против прекршителите на правото на приватност е колективната акција. Сноуден смета дека поединецот е одговорен за актуелизирање на проблемот. Ваквите теми се често табу или несериозно сфатени. Важно е секој поединец да придонесе ваквата ситуација да биде јавно етикетирана како проблем.

Како поединецот да се заштити на интернет

Доста опширна тема на која е тешко да се даде кус одговор. Сноуден предложи некои софтверски решенија, меѓутоа нивната ефикасност е дискутабилна. Тој ги спомена алатките за менаџмент на лозинки, енкрипцијата на пораки и апликацијата Signal како „прва помош“.

Кој е најригорозниот чекор кој NSA може да го примени

Тука се мисли на начини на прекршување на правото на приватност на граѓаните. Сноуден не можеше да понуди конкретен одговор бидејќи истото зависи од низа фактори. Практично возможно е следење на секоја една комуникација која не е енкриптирана. Во зависност од проценката на државните агенции, секој поединец може да биде предмет на следење и проверка без особени правни процедури.

Тој не даде ниту конкретен одговор на прашањето дали се уште е вработен во ЦИА. Прашањето го одбегна на начин што рече дека што и да одговори никој не би му верувал.

На тема „вонземјани“ тој се огради од секаков вид на информции. Во случај да поседувал информации на таа тема, јавноста би била веќе известена.

На страна од шпионажата, тој откри дека всушност не е толку добар со Рубиковите коцки. Во популарниот филм инспириран од него тој е претставен како извонредно вешт со оваа играчка. Во вистинскиот живот тој е практично просечен.

Извори: CheatSheets, Reddit

Претходна статијаAndroid P ќе им овозможи на операторите да ја сокријат јачината на сигналот
Следна статија,,Биди DELL од хуман проект” – реализирана донацијата на купувачите на DELL